Луѓето се супериорни во однос на другите животни, најспособниот и најинтелигентниот жив вид што шета моментално на планетата… Освен кога се работи за рацете.
Имено, според најновото истражување на Серџио Алмесија и колегите од Стони Брук Универзитетот од Њу Јорк, човековите раце се попримитивни од тие на шимпанзата. Без разлика што напредокот на човековата врста се должи на започнувањето на користење орудија и оружја (меѓу другото), нашата рака останала практично неизменета 2 до 5 милиони години.
Раката на шимпанзата развила подолги прсти за да можат да се бесат и движат полесно на дрвјата, нешто што луѓето го напуштиле да го прават (веројатно бидејќи не им изгледало доволно интересно). Како и да е, постои и позитивна работа во овој наод – тоа имплицира дека заедничкиот предок на луѓето и шимпанзата повеќе личел на нас.
Дополнително, со ваквиот наод се утврдило дека развивањето на контра-палец со кој може да се фаќаат предмети и да се користат како орудија започнало многу пред луѓето и шимпанзата да се одделат едни од други, па дури и до пред 13 милиони години.
Засега останува да се надеваме дека се` уште го држиме приматот на супериорност во интелигенција, бидејќи за телесните карактеристики не сме импресивни во споредба со другите цицачи. Сепак, постојат наоди кои укажуваат дека порано можеби постоела издаток од човечката раса која имала просечна интелигенција од 150, што не` става на срам повеќето кои денеска сме живи на планетата Земја. Можеме само да замислиме во каква „апатија“ ќе не` смести супериорната синтетичка интелигенција кога ќе ја создадеме…
Извор: IFLScience, Discovery