Бил Гејтс одамна има што да каже на темата поврзана со светска пандемија, па дури пред некоја година предупреди дека вакво нешто ќе се случи во светот поради недоволното инвестирање во здравството, како и во системите за откривање на вакцини.

Преку својата Bill & Melinda Gates Foundation тој веќе одамна работи во областа на здравството, поточно во искоренување на одредени болести во одредени погодени делови во светот. Тоа може да се каже дека му дава одредено ниво на познавање и искуство за вакви ситуации, па од тука доаѓа и предупредувањето за тоа што сега се случува.

За време на интервју на познатото The Daily Show со Тревор Ноа, Гејтс најави дека планира да изгради фабрики за 7 потенцијални вакцини кои досега се покажале како најдобри кандидати за официјална вакцина против COVID-19. Од овие 7 потенцијални вакцини најмногу 2 би биле избрани на крајот.

Гејтс смета дека немаме време да ги тестираме вакцините една по една, па потоа да се изградат сите потребни ресурси за таа што ќе биде избрана. Изградбата на фабрики уште сега ќе скрати можеби и неколку месеци, што иако не делува многу, сепак сега на сите ни е јасно колку голема разлика може да направи.

За таа цел тој најавува дека ќе се вложат и повеќе милијарди ако е потребно со цел на забрзување на процесот.

Делот од интервјуто каде се најавува изградбата на фабриките можете да го погледнете во продолжение.

ИЗВОРTNW
ИЗВОР 2Inc
Претходна статијаНајави за поддршка на „виџети“ на главниот екран кај iOS 14
Следна статијаКреирајте Skype видео конференција без потреба од сметка на било кој учесник
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.