Македонските каратистки продолжуваат со успешните настапи на светското универзитетско првенство во Брага, Португалија. Во најтешката дисциплина екипно борби за жени го постигнаа до сега најголемиот успех. Македонскиот тим, во елиминацискиот дел од првенството, денес успеа да обезбеди борба за бронзениот медал.
Имено во првото коло нашите девојки најнапред ја победија екипата на Мексико со резултат 2-1, во второто коло тие се сретнаа со првакот од европската универзијада која се одржа неодамна во Загреб екипата на Словачка и ја победија со резултат 1-0, во третото коло имаа борба со силната екипа на Египет и загубија со миниамален резултат 0-1. Но, бидејќи екипата на Египет влезе во финалето, Македонија преку репасаж доби шанса да се бори за бронзениот медал. Во репасажните борби беше совладана екипата на Англија со резултат 2-1 со што нашиот тим обезбеди борба за бронзениот медал со екипата на Норвешка на 13. Август. 2016 год (сабота).
Бошко Заборски селекторот на репрезентацијата изјави: -„Во нашата досегашната карате историја за прв пат еден женски тим од Македонија на светско првенство успева да добие шанса да се бори за бронзениот медал. Имавме многу тешка група, но девојките уште еднаш покажаа дека се меѓу најдобрите светски тимови. Успеавме да елиминираме три големи состави на Англија, Словачка, Мексико и загубивме од Египет. За бронзениот медал ќе имаме уште борба со Норвешка и јас сум голем оптимист дека и Норвешка ќе биде совладана. Атмосверата во тимот е одлична, девојките имаат голема самодоверба, а тоа е најважно. Да ве потсетам само дека овој тим неодамна на европската универзијада што се одржа во Загреб минатиот месец се здоби со титулата европски вице првак и го освои сребрениот медал. Ако успееме да го освоиме и бронзениот медал на ова светско првенство, имињата на овие девојки ќе бидат запишани во Македонската карате историја со големи букви“.
За тимот настапуваат Симона Заборска, Наташа Стефановска , Сара Радичевска и Моника Стефановска сите членки на Карате клубот Макпетрол од Скопје.
Две финални борби за златни медали и една борба за бронзен медал
Македонската универзитетска карате репрезентација, веќе три дена успешно ја преставува нашата држава на Светското првенство кое се одржува во Брага, Португалија. Во конкуренција на 39 држави нашите каратистки успеаа да обезбедат дури три борби за медал, ни јавува селекторот Бошко Заборски.
Најнапред Симона Заборска (-55кг) , со три последователни победи успеа да влезе во финалето. Таа во првото коло беше слободна, во второто коло ја совлада Алжирката Дједра Саида со резултат 1-0. Во третото коло беше поуспешна од Марис Лареза од Јужна Афричка Република 1-0, а потоа во полуфиналната борба ја победи Ибрахим Аја од Египет со 2-0 и го обезбеди сребрениот медал. За златото ќе се бори со француската репрезентативка која е носител на медал од светското првенство во Бремен 2014 година. Финалните натпревари се закажани за сабота, 12.08.2016 год.
Наташа Стефановска во категоријата до 61кг, исто така имаше брилијантен настап и успеа да влезе во финале. Таа имаше три победи а противник во финалето ќе и биде Египетската репрезентативка Лотфу Гиана. На патот до финалето совлада спортистки од Алжир, Кина и Узбекистан.
Третата наша спортистка Сара Радичевска (-50 кг), ќе се бори за бронзениот медал против Австријката Бетина Планк која е актуелна европска шампионка. Сара имаше победи против Мексиканката Фернанде Халазам со судиско изјаснување 5:0, потоа загуби од Јапонија со 0:5, во репасаж победи со Белгија 5:0.
Следат борбите во екипна конкуренција каде што исто така се надеваме на успешен настап. Да потсетиме дека минатиот месец нашите репрезентативки го освоија сребрениот медал на Европската универзијада која се одржа во Загреб. За македонската екипа ќе настапат Симона Заборска, Сара Радичевска, Моника Стефановска и Наташа Стефановска. Сите три каратистки се членки на карате клубот Макпетрол.