Пред десетина дена, познатиот актер Вилијам Шатнер стана најстариот човек кој некогаш летал до вселената, иако само на неколку минути пред да се врати назад на Земјата. Шатнер, кој на повеќето им е познат по неговата улога на капетанот Џејмс Т. Кирк во оригиналната серија Star Trek, е можеби најдобриот човек за популаризирањето на вселенскиот туризам кој е во своите почетоци.

Шатнер беше видно возбуден после летот, па во разговор со сопственикот на Blue Origin, Џеф Безос, тој на моменти низ солзи објаснуваше колку посебно искуство е ова и му се заблагодари на Безос за укажаната шанса.

Летот беше направен со New Shepard ракетата од Blue Origin и за разлика од ваквите мисии на SpaceX, овие траат само по неколку минути, односно ракетата ја достигнува границата од 100 километри, по што капсулата се враќа назад на Земјата.

Сепак, не сите ја делат воодушевеноста на Шатнер за неговиот лет, како и генерално за целата нова појава, лансирање на ракети од неколкуте компании на познати милијардери.

Прв со коментар се јави принцот Вилијам кој ја го критикуваше брзиот развој на вселенскиот туризам истакнувајќи ја потребата за средување на проблемите на Земјата, наместо да се бара каде на друго место може да се живее.

Актерката Џоан Колинс, која се појави во една епизода од Star Trek серијата, уште повеќе го критикува Шатнер, па дури го нарекува и будала.

„Тоа е неверојатно, нели? Каков будала. Кој сака да го прави тоа? Не, апсолутно не. Дали го видовте Бил Шатнер?“

Ваквиот став го дели и познатиот актер Брајан Кокс, а интересно критика до Шатнер упати и „Сулу“ од Star Trek, односно познатиот актер Џорџ Такеи. Тој даде коментар преку неговиот Twitter дека Шатнер „храбро оди таму каде што други луѓе имаат отидено“.

ИЗВОРThe Guardian
Претходна статијаIBM и Airspan Networks планираат да го забрзаат усвојувањето на 5G Open RAN во Европа
Следна статијаСо континуирана модернизација на мобилната мрежа, Телеком се подготвува за 5G
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.