Според информациите од 9to5Google, Google планира да оди по примерот на Apple и за нивните уреди да развиваат сопствен чип. Apple ова веќе одамна го практикува кај iPhone и iPad уредите, а од крајот на минатата година истото почна да го прави и за своите Mac компјутери, за почеток кај дел од нив.

Google исто така планира да почне да користи сопствен чип кај Pixel уредите, но и кај Chromebook уредите кои сепак за разлика од Mac, имаат доста помали потреби од ресурси.

Чипот кој е во развој наводно го носи името, барем во развојот, GS101. Овој чип се развива во соработка со Samsung, кои веќе имаат големо искуство во развој на нивниот Exynos.

Како еден вид на доказ дека Google работи на вакво нешто се зема и изјавата на директорот Сундар Пичаи минатата есен дека од компанијата планираат подлабоки инвестиции во хардвер во 2021.

Користењето на сопствен чип од страна на Google ќе им ги донесе предностите кои веќе ги има Apple, а тоа е подобра интеграција помеѓу софтверот и хардверот, со што може да се очекуваат доста подобри перформанси кај уредите.

Pixel 6 серијата се очекува дека ќе работи на овој чип, а како и обично, оваа серија се претставува во есен.

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 29to5Google
Претходна статијаRegional Youth Peace Lab 2021 – Реши проблем, предизвикај промена и освој награда
Следна статијаHarmonyОS: Huawei го претстави новиот концепт на поврзување за поедноставен живот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.