My Passport Wireless е хард диск за сите уреди. Нуди зачувување на слики и фајлови од компјутери, таблети и смартфони без кабли и без потреба од Интернет конекција. Иако уредот се појави на пазарот по други слични безжични решенија, сепак она што го одвојува од сличните на него уреди е вградениот SD card читач. Токму тоа го прави уредот особено интересен за фотографите.
Другата карактеристика која го двои од конкуренцијата е поддршката на дуален стрим со 802.11n стандардот, што придонесува за поголеми брзини од конкурентните уреди.
Достапен е со капацитет од 500GB, 1TB и 2TB, а за него ќе треба да одвоите 120$, 180$ односно 220$. Вградената батерија овозможува 6 часа континуиран видео стриминг или до 20 часа мирување.
Кога мемориска картичка ќе се инсталира во дискот може да се сетира да се направи резервна копија од фотографиите или автоматски да се пренесат сликите па да се избрише содржината од картичката. Потоа за да се пристапи до сликите уредот може да се поврзе на компјутер со користење на USB 3.0, или пак можен е безжичен пристап преку WD My Cloud апликацијата. FTP функционалноста дозволува да камерите со безжични способности директно ги испраќаат сликите до уредот за време на фотографирањето. Доколку работите со тим од фотографи и уредници до 8 луѓе можат да се конектираат и истовремено да пристапат до содржинатa.
Во критика од PCWorld направен е преглед на перформансите на USB преносот на фајлови.
Техничките спецификации се достапни подолу.
Тип на хард диск | 2,5 инчен надворешен USB hard disk со внатрешна WiFi пристапна точка и батерија |
Конектори | USB 3.0, USB 2.0 (за податоци и полнење) |
Димензии | 500GB: 5 x 3.39 x 0.86 инчи (127x86x21mm) | 1 TB : 5 x 3.39 x 0.96 инчи (127x86x24.4mm) | 2 TB: 5 x 3.39 x 1.17 инчи (127x86x29.8mm) |
Тежина | 500GB: .55 lb (0.25kg) | 1TB: .60 lb (0.27kg) | 2TB: .77 lb (0.35kg) |
Вклучени апликации | WD My Cloud (Android и iOS) |
Капацитет/ Фајл систем | 500GB, 1TB, 2TB / ExFAT |
Поддржани оперативни системи | Android, iOS, Microsoft Windows XP или понов, Mac OS X 10.5.8 или понов |
Поддршка на истовремени WiFi клиенти | 8 вкупно, 4 за HD стриминг |
Гаранција | 2 години |