spitz-f

Spritz е софтвер со кој можете да ги читате вашите омилени книги во далеку пократко време од вообичаеното, преку технологијата за брзо читање која ги следи движењата на вашите очи и соодветно на тоа ја прилагодува брзината со која што ви го прикажува текстот. На овој начин, може да се достигне брзина на читање од 1000 зборови во минута. Со оглед на тоа дека просечниот читател постигнува брзина на читање некаде помеѓу 200 и 400 зборови на минута, можете да го замислите потенцијалот на оваа технологија.

Начинот на кој што Spritz го постигнува ова е преку манипулација со локацијата на зборовите кои се појавуваат на вашиот екран, со цел тие да бидат подредени на природните движења на вашите очи во текот на читањето. Имено, оптималната точка на фиксирање (Optimal Recognition Point) на нашите очи додека читаме се наоѓа лево од средината на секој збор. Како што читаме, така нашето око „скока“ од една на друга точка на фиксирање кај секој збор, притоа давајќи му контекстуално значење на текстот.

Spritz ја обележува со црвено буквата на која што се наоѓа оваа точка во секој збор. Понатаму, го позиционира секој збор на идентична локација на екранот каде што најчесто се фиксираат вашите очи, за да го лимитира нивното движење со што вложувате помалку напор во читањето. Затоа, Spritz на екранот прикажува само еден збор во последователна низа, односно ја читате книгата „збор по збор“. Како илустрација, погледнете ја апликацијата „во акција“ со наместено темпо на читање од 250 зборови во минута:

xiSS8E7

Создавачите на Spritz имаат намера истата да стане дел од секојдневната рутина на читање на просечниот човек и така да го заштеди неговиот најредок ресурс: неговото време.

Апликацијата најпрво се појави на Samsung Galaxy S5 уредот како и на Samsung Gear 2 часовникот. Сепак, намерата на креаторите е истата да се интегрира и со различни е-читачи и апликации на повеќето мобилни оперативни системи.

Иако апликацијата не може директно да се инсталира од Android и iOS платформата, технологијата ја применуваат голем број на веб сајтови и апликации. За ова, подетално можете да се информирате на следниот линк.

Извор: Elitedaily

Претходна статијаOneDrive сега поддржува фајлови со големина до 10 GB, побрза синхронизација и други нови функции
Следна статијаWD My Passport Wireless: Вашиот персонален cloud