До крајот на овој месец се очекува Apple да претстави неколку нови уреди, а еден од нив е и основниот MacBook Pro 14 инчен со М4 чип. Ова беше најавувано неколку пати, а оваа недела повторно беше истакнато од Марк Гурман, кој обично објавува доста точни информации. 

Деновиве се појавија две видеа од руски корисници на YouTube во кои тие имаат добиено целосно нов и запакуван MacBook Pro 14 инчен со М4. Во видеата тие ги отпакуваат уредите и ги презентираат со нивно вклучување и сите потребни работи за една кратка рецензија. 

Информациите кои се ставени на кутијата се тие кои се очекува дека навистина ќе бидат дел од новите компјутери, како на пример 16GB RAM, како почетна меморија со што Apple веќе нема да става 8GB кај своите компјутери. 

Тоа што прави да веруваме дека видеата се сепак лажни, односно не се најновите MacBook Pro, е сликата на кутијата. Apple секоја година има нова позадина за нивните компјутери, а истата ја става на кутијата. Во видеата сликата е истата од ланските модели, па шансите дека Apple ќе ја користи истата графика се доста мали. 

Доколку овие видеа се покажат како точни, тоа ќе значи дека Apple после повеќе години првпат не успеваат да ја задржат својата позната тајност, па дури имаше и шеги дека од компанијата го имаат ангажирано истиот тим кој работи на промоција на Pixel уредите од Google. 

Претставувањето на новите уреди со голема веројатност ќе се случи до крајот на месецот, па ќе видиме дали и колку овие видеа се вистински. 

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаGoogle ги тргна апликациите на Kaspersky од Play Store за сите корисници
Следна статијаЕдна година Magenta Moments: Најдобрата дигитална програма за подароци, поволности и попусти за корисниците
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.