Фото: Shutterstock.com

Apple изгледа конечно ќе ја зголеми најмалата меморија која им ја нуди на корисниците кај нивните Mac компјутери, па истата веќе нема да изнесува 8GB RAM. Ова е нешто за кое од компанијата се често критикувани, а тие дури се обидоа да тврдат дека 8GB RAM кај Mac е исто како 16GB кај Windows компјутерите. 

Корисниците секако секогаш ја имаа можноста да изберат модел со повеќе RAM, но тоа додаваше доста на веќе високата цена по која се познати Apple производите. 

Новата основна меморија која наводно ќе почнат да ја нудат од компанијата е 16GB RAM, па доколку тоа се покаже како точно, новите Mac компјутери дефинитивно ќе станат доста попривлечни. 

Информацијата доаѓа од обично точниот Марк Гурман кој во својот неделен билтен најави четири нови Mac модели кои изгледа ќе ги видиме во октомври. Овие нови модели ќе работат на М4 чипот, очекувано, а тоа наводно ќе бидат MacBook Pro, Mac mini и iMac. Како и секогаш, MacBook Pro ќе има две варијанти. 

Улога во одлуката на Apple можно е да има Apple Intelligence, функции кои иако можат да работат и на 8GB RAM, сепак ќе значи дека овие компјутери ќе им го нудат на корисниците минимумот од барањата. 

Со конкуренцијата која сега веќе конечно доаѓа од Windows страната, Apple ќе мора да понуди нешто повеќе ако сака да го задржи угледот на нивните одлични Mac компјутери. 

ИЗВОРTom's Hardware
Претходна статијаЕко фестивалот „Sound of Green“ во петок во МКЦ
Следна статијаSamsung Galaxy A55 5G и Watch FE – телефон и часовник за секого
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.