samsung-logo-event

Со развојот на технологијата одредени работи кои што порано биле само планирани, полека почнуваат да стануваат популарни и да се ближат кон комерцијална продажба за обичниот корисник. Во овој случај ви пишуваме за уредите за виртуелна реалност (VR) кои што се во развој и треба да почнат да се продаваат оваа или идната година. Моментално најпознати уреди од овој тип се Oculus Rift купени од страна на Facebook, како и проектот Morpheus кој што го развива Sony.

Оваа област од технологијата дефинитивно е интересна и популарна кај корисниците, па кога ќе почнат да се претставуваат производите нема да имаат проблем со продажбата. Овие уреди се посебно популарни за играњето игри, за што моментално и најмногу се развиваат, без разлика на нивната поширока примена.

Според информациите до кои што има дојдено порталот Engadget неофицијално, Samsung планира да се приклучи со свој уред кој што веќе е во развој и треба да биде претставен веќе оваа година. Уредот треба да работи преку поврзување со паметните телефони и таблет компјутери од компанијата, односно со поновите верзии кои што треба да бидат претставени поради потребата од појак хардвер. Нешто многу информации околу карактеристиките на уредот нема, освен дека треба да работи со OLED екран ист или дури и подобар од тој на Oculus.

Според изворите на порталот, од Samsung сакаат што побрзо да го претстават нивниот производ, пред другите вакви производи да почнат да се продаваат, па останува да видиме што ќе се случува на овој план оваа година.

Извор: Engadget

Претходна статијаМобилните телефони на иднината ќе може да се напојуваат со алкохол!
Следна статијаiPhone 6 спецификации и дизајн
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.