apple-iphone

Со излегувањето на iPhone 6 вo септември, време е да ги видиме сите гласини што кружат околу хардверот, софтверот и дизајнот за овој телефон.

Знаеме дека секогаш има некои луди гласини кои што не се вистинити или прототипови на кои не им било судено, но има доволно легитимни извори од кои што можеме да заклучиме како би изгледал новиот iPhone. Искористувајќи ги скоро истите гласини кои што посочуваа на тоа како ќе изгледа iPhone 5C, се очекува iPhone 6 да има поголем екран-веројатно 4.7’’, со можност и до 5.5’’. Најновите податоци покажуваат дека овој поголем екран на iPhone 6 ќе има резолуција на екранот од 1704×960 (или три пати поголема резолуција од “основната” од 568×320).

Поголем екран е една работа, но со притисокот врз Apple да бидат поиновативни во мобилниот простор и со Android (Samsung) кои што продолжуваат да го освојуваат пазарот, iPhone 6 ќе треба да биде сериозно импресивен на неколку фронтови. Што може да очекуваме од новиот iPhone? Сафирен екран? Интеграција со уште ненајавениот iWatch?

iPhone 6 дизајн

Како и минатата година, повторно има гласини дека ќе има повеќе од еден iPhone 6. Овој пат, изгледа тие ќе се разликуваат по големината на екранот (4.7’’ и 5.5’’ поточно). Други гласини посочуваат на тоа дека новиот iPhone ќе биде многу тенок, околу 6mm. Дали iPhone 6 ќе се нарекува iPhone Air?

iphone-6-1

iPhone 6 хардверски спецификации

Што се однесува до хардверскиот дел, сеуште не се знае многу за iPhone 6. Резолуцијата се очекува да биде 1920×1080 или 1704×960, но Apple може да направи нешто лудо, како на пример 2560×1440, за да биде повторно на врвот со Retina resolution.

iphone-6-2

Секако, тука е и камерата: iPhone 6 сигурно би имал нова, понапредна камера, но гласините не се согласуваат со тоа. Apple неодамна го вработи инженерот за камера на Nokia, Ари Партинен, но тоа би имало ефект на iPhone 6S или iPhone 7. Apple доби патент за оптичка стабилизација на сликата, па време е iPhone да добие OIS (Nokia и HTC веќе имаат OIS технологија.)

iPhone 6 софтверски спецификации

Новиот iPhone речиси сигурно ќе излезе со IOS 8, а тоа ќе биде откриено во јуни на WWDC (The Apple Worldwide Developers Conference). Најголемиот додаток се очекува да биде нова апликација наречена HealthBook, која што ќе собира податоци од повеќе сензори на телефонот, а и од други уреди како што се фитнес бендови и паметните часовници, со цел да ви помогнат да го следите вашето здравје. Се очекува и Apple Maps апликацијата да се подобри, каде што ќе има дирекции за јавен превоз.

iphone-6-3

Но сепак, најголема промена се очекува во големината на екранот, а јасно е дека пазарот сака уреди со голем екран, па се чини дека со зголемување на екранот на iPhone, Apple нема да згреши. Обично новите iPhone телефони се покажуваат на специјален настан во септември, но оваа година е многу веројатно да излезе во август. Но, можеби ова ќе биде првиот iPhone којшто не е дизајн на Стив Џобс. Наводно, тој работел на “следните 2 iPhone телефони” пред неговата смрт, по најавата за iPhone 4S. Дали работел на 5 и 5S, или 5 и 6, тоа никогаш нема да го дознаеме.

Претходна статијаSamsung развива VR уред за мобилните и таблет компјутерите
Следна статијаMicrosoft се има спротивставено на FBI по барање за кориснички информации