Инженерите со години се обидуваат да направат значаен чекор со кој ќе го доведат развојот на батериите за мобилни уреди на повисоко ниво, но за жал никој до сега нема постигнато значајни резултати. Многупати сме пишувале за различните решенија кои постојано се предложуваат за нови поефикасни батерии, но главно сите се сконцентрирани на идеи кои ја ограничуваат моќноста и корисноста на батериите кај мобилните уреди. Дефинитивно потребен е нов пристап кој ќе ги реши проблемите со постојаното празнење на батериите кај гаџетите.
Убава вест доаѓа од Универзитетот Aalto во Финска каде е развиен прототип на високо ефикасна горивна ќелија која работи на алкохол, наменета токму за оваа примена. Најчесто горивните ќелии се користат во возилата каде преку електрохемиски процес се произведува енергија. Поради ова нема причина зашто тие да не се користат и во мобилните телефони, но со многу помала димензија, зголемена ефикасност и издржливост.
Горивната ќелија која е создадена од страна на докторант на Универзитетот Aalto во Финска, е многу мала и во неа со електрохемиски процес, од алкохол и кислород се произведува вода, јаглерод диоксид и електрична енергија. Можно е користење на метанол или етанол, но етанолот е подобар поради неговото лесно производство и минималното влијание врз здравјето на луѓето, за разлика од високо токсичниот метанол.
Оваа горивна ќелија е во вид на минијатурно алуминиумско делче со големина од 14 mm2 и дебелина помала од милиметар. Направена е со помош на пикосекунден ласер, со што е и овозможена употребата на алуминиум наместо стандардниот силикон, а со тоа е и намалена нејзината тежина и трошокот за производство. И покрај нејзината мала големина со употреба на алкохол може на излез да се добијат 0.5 V, а со хидроген 1 V меѓутоа хидрогенот не е практичен. Повеќе вакви сериско поврзани ќелии можат да обезбедат доволно енергија за телефонот да работи, но сепак треба да се внимава резервоарот постојано да биде снабдуван.
За да се наполни оваа микро горивна ќелија потребно е системот постојано да биде чист. Мала пумпа е потребна за да се наполни ќелијата со етанол, но многу е важно и воздухот да биде чист. Кислородот потребен за оваа хемиска реакција е многу важен, односно квалитетот на воздухот треба да биде одличен бидејќи овој процес не би можел да се случи. Во регионите со голема загаденост на воздухот независно дали има алкохол во резервоарот, горивната ќелија може да се запуши и да не функционира, а со тоа и вашиот мобилен да остане празен.
Според проценката на научниците потребни се од 1 до 10 години да овие уреди се вградат во мобилните телефони.
Извор: ЕxtremeТech, Аalto