03_Samsung AddWash

Новиот комбиниран модел за перење и сушење на алишта и потесните модели се одговор на големата побарувачка на оригиналниот модел AddWash WW8500 и се наменети да одговорат на различните побарувања на потрошувачите низ Европа

Скопје, 24. август, 2016. – Самсунг (Samsung) најави проширување на палетата на AddWash машината за перење алишта со воведување на нови комбинирани машини за перење и сушење на алишта, како и потесни модели кои ќе бидат изложени на саемот IFA 2016 во Берлин. Овој потег е одраз на нагласената побарувачка за оригиналниот модел AddWash WW8500, представен минатата година на саемот IFA 2015. Корисниците од сега натаму ќе имаат поширок избор на опции за користење и уживање во иновативната AddWash технологија која овозможува додавање на алишта во текот на самото перење.

Препознавјќи ја вообичаената навика на заборавање на додавање на нешта во текот на перењето – од залутано парче облека, до додавање омекнувач, оригиналната AddWash функција помогна во олеснување на секојдневниот живот. Оваа Самсунг машина и понатаму добива многубројни награди за иновација од медиумите ширум светот. Според новите истражувања кои ги спроведе Самсунг, 92% од корисниците се воодушевуваат на тоа што со помош на AddWash вратата се овозможува да се додаде облека во средина на циклусот на перење, додека 97% од корисниците мислат дека оваа машина за перење алишта има извондредни перформанси, а 98% се многу задоволни од AddWash машината.

AddWash функцијата и понатаму остава силен впечаток на потрошувачите во Европа и навистина сме задоволни што можеме да ја понудиме во различни модели. Ова е единствено и практично решение за модерните, вработени семејства, а кога ќе се збогати со функциите и иновациите на нашите машини за перење алишта, најдобри во оваа индустрија, се добива непобедлива комбинација.“ – изјави Б.С. Сео (B.S. Seo), извршен Потпретседател на компанијата Самсунг.

01_Samsung AddWash

AddWash комбинирана машина за перење и сушење на алишта

Новата AddWash комбинирана машина за перење и сушење на алишта пристигнува во две варијанти, WD6500K и WD5500K. Препознатливата AddWash функција е искомбинирана со функцијата AirWash, функција достапна на двата модели која користи само загреан воздух за да ја исчисти облеката. На овој начин облеката се чува од вообичаеното оштетување кое настанува при стандардното перење. Вратата за додавање може да се користи и во текот на циклусот на перењето. Таа е совршена за облека која бара хемиско чистење, што им помага на семејствата да заштедат, избегнувајќи ги високите сметки.

WD6500K има капацитет од 9 кг. и се одликува со Ecobubble технологијата на Самсунг, која им овозможува на корисниците ефикасно перење на алиштата дури и на ниски температури. Оваа технологија го забрзува растворањето на детергентот и настанувањето на пена, која брзо продира во ткаенината и лесно ја одстранува нечистотијата, додека истовремено штеди енергија и го намалува оштетувањето на облеката при перењето. Комбинираниот модел исто така може да се пофали со функцијата Super Speed, која представува поефикасен начин на перење на средно извалканите алишта. Оваа функција го намалува времето за испирање преку брз „спреј“ кој исфрла силни млазови на вода и ја забрзува центрифугата во завиност од количината на алишта која се наоѓа во машината. Еден ваков циклус на перење може да се заврши за само 59 минути. WD5500K пристигнува во варијанти со капацитет од 9 кг, 8 кг i 7 кг и се одликува со функциите Ecobubble и Bubble Soak за потопување во меурчиња од детергент.

AddWash Slim за модерен, урбан начин на живот

AddWash Slim палетата има три варијанти: WW6500K, WW5500K и WW4500K, кои се одликуваат со најтенок профил во оваа индустрија. Машините за перење алишта од AddWash Slim палетата имаат капацитет од 6 кг, 7 кг, 8 кг и 9 кг, како би можеле да се вклопат во модерниот, урбан начин на живеење во кој слободниот простор во затворените простории е многу ограничен. Секоја од овие машини исто така доаѓа со функциите Ecobubble и Bubble Soak, кои додаваат дополнителна фаза во нормалниот циклус на перење, во која валканата облека темелно се потопува со активни меурчиња детергент, што ја омекнува нечистотијата и дамките и го олеснува нивното ефикасно отстранување.

Покрај елегантната врата за додавање, овие модели имаат и Самсунг дигитален инвертер кој на потрошувачите им нуди победничка комбинација на гарантирани, долготрајни перформанси и трајност, минимална бучава при работата и супериорна енергетска ефикасност. Исто така, овозможува лесно решавање на проблемите преку функцијата за паметна проверка Samsung Smart Check која автоматски ги открива и дијагностицира проблемите во раниот стадиум и обезбедува едноставни совети за решавање на проблемите преку апликациите за паметните телефони.

За компанијата Samsung Electronics Co. Ltd
Samsung Electronics го инспирира светот и ја обликува иднината со своите иновативни идеи и технологии. Samsung поставува нови стандарди во светот на телевизорите, паметните телефони, таблетите, камерите, дигитални домашни уреди, принтерите, медицинскате опрема, мрежните системи, како и решенијата во областа на полупроводниците и LED уредите. Исто така, Samsung e лидер во „Internet of Things“ просторот, меѓу другото и со иницијативите „Паметен Дом“ (Smart Home) и „Дигитално Здравје“ (Digital Health). Секојдневен придонес во оваа Компанија, даваат 307.000 вработени луѓе ширум светот, за кои се издвојува плата во висина од 196 билиони американски долари на годишно ниво. За да дознаете повеќе за Samsung и се ново во врска со компанијата, посетете ја официјалната веб страна www.samsung.com или официјалниот блог global.samsungtomorrow.com

Претходна статијаMicrosoft откри: HoloLens има процесор со 24 јадра во внатрешноста
Следна статијаNvidia Parker е чип наменет за автономните возила