Бежичното напојување на нашите уреди станува секојдневие, а со помош на новиот сад за бежично полнење на Intel тоа ќе биде уште полесно. Сигурно имате некое посебно место или пак сад каде што ги оставате вашите клучеви, паричник и рачен часовник. Од таа идеја тргнува и целиот дизајнерски концепт на Intel само што е специјално наменет за паметни уреди.
Компанијата веќе подолго време развива уреди за повеќе пазари, па така ќе биде и со овој сад за бежично полнење. Од презентирањата на CES па до денес од Intel пуштија во продажба низа производи кои баш и не влегуваат во доменот на овој производител на чипови. Од соработката со модната куќа Opening Ceremony произлезе паметната луксузна алка MICA, додека со раперот 50Cent, Intel ги создаде слушалките BioSport In-Ear Headphones.
Идејата за садот потекнува токму од канцелариите на Intel. Вработените го изразиле своето незадоволство со тоа што мора да се постојано заплеткани во кабли бидејќи во денешно време секој со себе носи барем два уреди.
Од состанок за друг производ на крајот вработените дошле до совршено решение за нивните маки. Идејата пред се’ наликува на онаа на производот Powermat на Duracell кој овозможува бежично полнење на рамна површина. Се’ уште не е позната цената на уредот но од Intel велат дека ќе се појави точно на време за празниците.
Извор: UberGizmo