5756484-3x2-700x467

Јапонскиот градежен гигант Obayashi презентираше фантастичен концепт за вселенски лифт, потег што би го револуционеризирало патувањето до вселената.

Планот на градежната компанија е да направи своевидна шина која би била долга до 96 илјади километри, а за да се стигне до вселенската станица, на пример, ќе бидат потребни седум дена. Од Obayashi велат за таа цел ќе бидат изградени и роботски автомобили напојувани со линеарни магнетни мотори.

Вселенски лифт сега може да стане реалност поради развојот на карбонската нанотехнологија и бидејќи цврстината на овој материјал е дури 100 пати поголема од челичен кабел. Развојниот менаџер Yoji Ishikawa од Obayashi признава дека моментално може да се создадат карбонски наноцевки долги 3 сантиметри, а каблите потребни за да се стигне во вселената би можеле да ги видиме дури до 2030 година.

Во моментов вселената за нас како обични граѓани на оваа планета претставува нешто непознато. Меѓутоа оваа компанија има футуристички замисли и со нив сака да смени многу работи кога станува збор за транспортот.

5756384-3x4-700x933

Интересно е што универзитетите во Јапонија постојано работат на технолошки подобрувања, а на натпреварите што ги одржуваат секоја година постојано учат едни од други.

Од компанијата Obayashi кога презентираат концепт не зборуваат на празно, па од тука тие сигурно се во разговори со тим од универзитетот од Kanagawa кој работи на роботски автомобили односно искачувачи.

Ваков лифт би значело свртување кон концепт кој што според бројките се покажува како доста поекономичен отколку со ракета. Колку за пример, за користење на вселенско летало денес се потребни околу 22 илјади долари по килограм товар. Од друга страна за вселенскиот лифт ќе бидат потребни околу 200 долари.

Извор: Engadget

Претходна статијаiOS 8 инсталиран на скоро половина од активните iPhone, iPad и iPod уреди
Следна статијаСад за бежично полнење од Intel во Декември