При крајот на август минатата година, Nvidia ја претставија својата нова серија на графички картички направена во нова архитектура. Овие графички ја носат ознаката RTX, наместо GTX и овозможуваа значително подобра и пореална слика кај игрите.
Технологијата не е развиена само за гејминг потребите, а првенствено беше претставена за професионалците кои работат со видео професионално, па гејмерите само ги добиваат предностите од развојот.
Главната новина, покрај другите технички детали, кај RTX серијата е ray tracing технологијата. Оваа технологија врши следење на светлината на сликата во вистинско време, овозможувајќи скоро реална слика, односно може да се каже дека веќе дојдовме до времето кога игрите не може да се распознаат од филм, на пример.
RTX графичките картички се разбира ја искористуваат и вештачката интелигенција, па игрите кои доаѓаат со поддршка на овие картички ќе видите и самите на што ќе личат, скоро неверојатно.
Оваа серија Nvidia во рамките на CES 2019 најави дека ја донесува и кај лаптоп компјутерите со поддршка од страна на околу 40 лаптопи за почеток. Еден од тие лаптопи е Notebook Odyssey од Samsung за кого пишувавме денес.
Introducing GeForce RTX Laptops.
Bring the power of RTX GPUs on the go with over 40+ models rolling out starting January 29th.#CES2019 pic.twitter.com/zG5xaBllmg
— NVIDIA GeForce (@NVIDIAGeForce) January 7, 2019
Достапноста на новата RTX серија за лаптопите започнува од 29 јануари, што значи дека после оваа дата ќе ги видиме и првите лаптопи наменети за гејмерите со значително подобрена графичка способност.
Се разбира, лаптоп верзиите од графичките картички никогаш ја немаат целосно истата способност како десктоп верзиите. Nvidia ќе видиме како ќе успее да ги прилагоди овие картички за работа во многу помал простор.
Инаку од компанијата истакнуваа дека новите картички имаат до 20% подобри перформанси од претходната GTX генерација, како и до 40% подобра ефикасност.