Кога е во прашање гејмингот, можеби Samsung не е првото име на кое ќе ви текне, меѓутоа тоа не значи дека оваа успешна компанија не се обидува и на овој дел од пазарот.
Иако ова не е првиот гејминг лаптоп од компанијата, сепак можеби е меѓу првите кои ќе привлечат поголемо внимание.
Samsung Notebook Odyssey е името на овој нов лаптоп, а беше претставен оваа недела во рамките на CES 2019 саемот во Лас Вегас кој уште трае.
Главното внимание кое Odyssey го привлекува уште на прв поглед е неговиот дизајн. Тоа е изработен од алуминиум и има помали рамки околу екранот за разлика од претходните модели од Samsung.
Екранот е интересно направен да е поврзан со остатокот од лаптопот само во средината, оставајќи впечаток на посебен монитор којшто стои на својата основа. Ова покрај естетска функција, може да се погоди подобро и за ладење на компонентите.
Notebook Odyssey доаѓа и со најновата генерација на графички картички од Nvidia кои треба да овозможат многу подобра графика со ray tracing технологијата, како и вештачката интелигенција. Во овој лаптоп е вградена картичката NVIDIA GeForce RTX 2080.
Големината не екранот изнесува 15,6 инчи и доаѓа со G-Sync технологијата, а исто така важно за еден гејминг лаптоп, работи на 144Hz.
Odyssey работи на осмата генерација на процесори од Intel, односно Intel Core i7, а има 16 GB RAM меморија.
Просторот за податоци може да се пополни со два SSD слота, како и еден HDD, што е очекувано за еден ваков уред.
Сите детали од Samsung Notebook Odyssey можете да ги погледнете на официјалната страна на овој линк.