minispresso-f

Minipresso е мал интересен уред наменет за оние од вас кои што не можете да поминете многу без вашата дневна доза на кафе. Направен е да биде доволно мал за да може да се носи во чанта, ранец или било која торба за како што велат од производителот Wacaco, без разлика дали одите некаде на неколку саати или неколку недели.

Навистина малиот дизајн на кафематот го прави идеален за носење кога одите на планинарење, кампување, во хотел или слично, се разбира доколку сакате ваше свежо направено кафе.

Начинот на кој што работи овој уред е исто така дел од неговата привлечност, па тој нема потреба од енергија, кертриџи со гас, како и копресиран воздух. Minipresso е составен од резервоар за вода, филтер, пумпа и чаша. Неговата работа може да се каже дека е полуавтоматска и кафето го прави преку пумпање на клипот кој што е поставен од едната страна. Кафето може да го направи и од капсула со кафе, но и со обично мелени зрна од кафе.

Бројот на пумпања на клипот го одредува и кафето кое што ќе го направите, односно неговата количина. Па така, 13 пумпања ви овозможуваат мало еспресо, 18 стандардно еспресо и 28 дупло еспресо.

Цената по која што може да се нарача овој уред изнесува 40 долари, а интернационалните корисници треба да платат дополнително за испораката.

Извор: Wacaco, Cnet

Претходна статијаNASA тестира клапи кои ја менуваат формата за потивки и поекономични авионски крила
Следна статијаДенес Rosetta ќе го направи првото слетување на комета, гледајте го преносот во живо
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.