Оваа година треба да се однесе на наредното ниво интеграцијата на вештачката интелигенција која Microsoft ја започна минатата година. „AI PC“ е терминот кој се користи за компјутерите кои ќе работат на верзијата од Windows која се очекува за оваа година, без разлика дали ќе биде само нова Windows 11-ка или Windows 12.

Новите чипови за оваа година ќе дојдат со нови и унапредени NPU процесори кои ќе бидат доста поспособни за работата на вештачката интелигенција. Тука се првата посериозна конкуренција на Apple од страна на Qualcomm со нивниот Snapdragon X Elite, како и новите Core Ultra од Intel.

Според неофицијални извори се пушта информацијата дека Windows ќе бара најмалку 16GB RAM за да можат да функционираат новите ВИ функции и алатки.

Сепак, ова нема баш некоја логика и мали се шансите дека Microsoft ќе ги постави побарувањата на толку високо ниво. Тоа што може да се очекува е дека за користењето на одредени функции со вештачка интелигенција од компанијата ќе препорачуваат компјутерите да имаат 16GB RAM со цел брзо и ефикасно функционирање.

Ова е нешто што реално може да се очекува за корисниците кои посериозно работат со измена на видео содржина, нешто што сега ќе биде засилено со вештачка интелигенција.

Уште е рано за новата верзија од Windows која стандардно се очекува да биде претставена во лето. Доста големи промени се очекуваат и на основата на кодот на системот, па ќе видиме што ќе биде претставено во месеците што следат.

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаНеколку големи компании одбиваат да ги пуштат своите апликации на Apple Vision Pro
Следна статијаMicrosoft планира да ги прикажува Teams состаноците во Старт менито на Windows 11
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.