mk_umk_grey_otherviews01

Живееме во време кога повеќето корисници поседуваат уреди од различни производители, но се разбира има доста кои што избираат само еден. Тие што користат уреди од различни производители дома користат Windows десктоп или лаптоп компјутер, имаат Android телефон и можеби iPad таблет. Се разбира јасно ни е дека во нашата држава сигурно нема многу корисници кои што имаат можност да користат повеќе уреди, меѓутоа сепак ваквите производи се прават првично за западниот пазар.

Microsoft кои што во последните години се наоѓаат во незавидна позиција, разбирајќи дека уредите со нивниот оперативен систем веќе не се најмногу користените уреди, претставија мала тастатура наменета за мобилните уреди која што работи со повеќето оперативни системи, односно не е наменета само за корисниците на Windows.

Universal Mobile Keyboard е мала тастатура наменета за користење со мобилните телефони и таблет компјутери. Работи со iOS, Android и се разбира Windows уредите и е направена да корисниците на овие оперативни системи ја чувствуваат како да е специјално направена за нив. За таа цел, тастатурата вклучува копче преку кое што на брз начин го избирате оперативниот систем кој што го користите во моментот. Промената на оперативниот систем ги вклучува различните копчиња кои што се специфични, како на пример cmd копчето карактеристично кај Apple производите и слично.

mk_umk_otherviews02

Тастатурата поддржува до три уреди поврзани во исто време. Се вклучува и исклучува преку покривање и отворање со капакот кој што доаѓа со неа. Овој капак исто така служи и како држач за уредот кој што го користите и целосно може да биде издвоен од тастатурата за добивање на саканата позиција и оддалеченост при користење.

mk_umk_otherviews03

Работи на батерија која што според Microsoft може да издржи до шест месеци на едно целосно полнење. 10 минутно полнење овозможува работа на тастатурата до 8 часа, што овозможува да го завршите денот со кратко полнење кога ќе заборавите навреме целосно да ја наполните батеријата.

Тастатурата треба да почне да се продава од идниот месец, меѓутоа прво во САД и Канада, по што се очекува достапност и на дополнителни пазари. Цената по која што ќе се продава изнесува 79,95 долари.

Извор: Microsoft, The Verge, ZDNet

Претходна статијаТелефон со Firefox OS достапен во Македонија
Следна статијаНовиот термостат од Ecobee внесува прецизност во системот за греење во вашиот дом
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.