Xbox Gamepad Elite (1)

Веќе пишувавме за подобрувањата во играчката конзола на Microsoft, но има уште една новост, која е веројатно и поголема од претходните, а тоа е целосно новиот џојстик, кој донесува неколку подобрувања, но исто така може и да се персонализира според потребите на играчите.

Џојстикот ќе има цена од 150 долари, што е повеќе отколку што треба да платите дури и за некои конзоли, но според Microsoft, хард кор гејмерите ќе имаат вистински бенефит. Имено, за прв пат има можност за „заклучување“ на копчињата, што може да се искористи за рафално пукање во многу игри на пример. Исто така, левиот контролер, наместо со стандардните копчиња за сите правци, сега има специјална површина со различни текстури, која треба да го подобри движењето.

Xbox Gamepad Elite (3)

Сепак, за оние кои се уште преферираат користење на стариот интерфејс, копчето може многу лесно да се смени, дури и со мала рачка за движење, што е особено корисно ако играте со пријателите и секој од нив има различни побарувања и потреби. Персонализацијата продолжува и кај софтверот – на новиот џојстик сега ќе може да се менува и осетливоста на командите, односно дури и целосно да им се смени распоредот и командите да се стават на други копчиња.

На крај, Elite џојстикот ќе доаѓа во три различни големини, кои треба да задоволат поширок круг на купувачи, односно големини на дланката, како и конвексен или конкавен дизајн, зависно од тоа како преферираат да го држат играчите.

Xbox Gamepad Elite (2)

Elite ќе биде достапен во Октомври и ќе може да се поврзе со секој нов Xbox One, односно преку специјален адаптер и со компјутер со Windows 10.

Извор: TechCrunch

Претходна статијаFacebook ја претстави Moments – Нова апликација за приватно споделување на слики
Следна статијаBing со енкрипција на пребарувањата за сите корисници