bing-logo

Можеби овој интернет пребарувач држи многу мал процент кај нас во споредба со Google, меѓутоа сигурно има корисници кои што го преферираат пред останатите. Од ова лето Bing ќе се приклучи кон останатите пребарувачи и ќе ја вклучи енкрипцијата на сообраќајот при пребарувањето од страна на корисниците стандардно за сите корисници.

Можноста за користење на енкриптирана комуникација Bing нуди веќе година и пол, меѓутоа корисниците кои што се запознаени со ова требаше посебно да ја изберат како опција. Со промените енкрипцијата веќе нема да биде избор, туку нешто што ќе биде дел од сите пребарувања за сите корисници.

Со вклучувањето на енкрипцијата корисниците добиваат нешто поголемо ниво на безбедност и приватност поради прилично помалите шанси за пресретнување на сообраќајот и откривање на тоа што се пребарува. Сепак, останува статистиката која што ја води Microsoft за направените пребарувања.

Оваа промена можеби повеќе ќе ја забележат сопствениците на веб страни и огласувачите. Тие веќе нема да можат директно да ги гледаат термините кои што се користени при доаѓање на нивната страна, туку само групна статистика која што ќе биде овозможена од страна на Microsoft.

Информацијата дека посетителот доаѓа од Bing ќе остане, односно ќе биде достапна само оваа информација.

Повеќе информации околу промената, како и нејзиното влијание за сопствениците на веб страни и огласувачите можете да прочитате на блогот од компанијата.

Извор: Bing, The Verge

Претходна статијаMicrosoft лансираше нов Elite џојстик за Xbox кој може да се персонализира
Следна статијаДвајца студенти создадоа само дезинфицирачка тоалетна рачка
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.