Apple

За време на WWDC 2020 настанот кој оваа година Apple го одржа само онлајн, покрај одличните новини поврзани со iOS, iPadOS, новата верзија од macOS, од компанијата ја потврдија досега неофицијалната информација дека планираат да почнат да користат нивни чипови во Mac компјутерите.

Ова е секако добра вест за корисниците на Mac компјутерите најмногу поради тоа што чиповите кои ги дизајнира Apple изминатите години се покажуваат како едни од најдобрите, а посебно кога ќе се земе во предвид дека се користат на само неколку модели на уреди развиени од компанијата.

Intel има доста критики, а посебно за послабата категорија на процесори, па мобилните процесори од Apple имаат подобри перформанси од тие на Intel наменети за компјутерите.

Чипот којшто Apple ќе го користи кај своите компјутери ќе биде како тој кај мобилните и таблет компјутерите, односно ќе биде базиран на ARM дизајнот на чипови. Тој најверојатно ќе претрпи одредени измени кои му се овозможени поради тоа што ќе се користи на поголем уред, но во основа ќе биде истиот дизајн и со истите перформанси.  

Ова исто така значи дека Apple влегува во нешто што Microsoft веќе одамна се обидува да го „протне“, но не им успева, а тоа е универзална платформа за развој на апликации за повеќе платформи.

Програмерите ќе имаат можност до крајот на годината да ги прилагодат своите апликации да можат да работат на ARM базиран хардвер, а исто така на овие уреди ќе може да се користат iOS апликации без потреба од нивна измена, со оглед што тие веќе се развиени за ваков чип.

Уште сега е јасно дека на Apple сигурно ќе им успее тоа што на Microsoft уште некако не му трга од рака, а од компанијата истакнуваат дека наредните 2 години ќе бидат еден вид на транзициски период од Intel на нивните чипови.

ИЗВОРApple
Претходна статијаHuawei P40 Pro – Перформанси и работа со EMUI и Android 10
Следна статијаАтрактивна понуда на А1 Smart Home пакетите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.