Huawei на годинешниот MWC 2022 настапи со повеќе нови уреди со кои покриваат повеќе области и дефинитивно го привлекуваат нашето внимание. Претставени беа вкупно 7 нови уреди, меѓу кои и нивниот прв е-читач на книги, MatePad Paper кој доаѓа со популарната „електронска хартија“ технологија.

Покрај овој уред, од компанијата претставија и нов лаптоп, два во едно уред, се во едно компјутер, таблет, печатар, како и пренослив звучник.

Huawei MateBook X Pro е новата генерација од главниот лаптоп компјутер на Huawei. Тој доаѓа со 14,2 инчен екран со 3,1 K резолуција и доста тенки рамки околу екранот.

Доста популарните два во едно уреди, односно таблет компјутери на кои им се додава тастатура и може да се користат како лаптоп, добиваат уште еден избор во Huawei MateBook E. Овој уред доаѓа со OLED екран и поддршка за M-Pencil пенкалцето од компанијата, а од Huawei посебно ги истакнуваат и звучниците, односно квалитетот на звукот.

Посебно внимание привлекува „се во едно“ компјутерот MateStation X, категорија на производи кои на пазарот главното внимание го привлекуваат компјутерите од Apple, што значи дека секој успешен конкурент ќе има исто така одличен дизајн.

Дизајнот на MateStation X е минималистички, како што би очекувало, има 4К+ резолуција и големина на екранот од 28,2 инчи, со доста мали рамки.

Од компанијата исто така преставија и таблет компјутер, MatePad кој работи на HarmonyOS и има 10,4 ичен екран со 2К резолуција, како и поддршка за M-Pencil.

До некаде неочекувано, од компанијата претставија од мулти функционален печатар. Huawei PixLab X1 доаѓа со сите карактеристики кои корисниците ги очекуваат од еден ваков уред, како поврзување во мрежа, печатење преку интернет и слично.

Последниот производ кој го претставија од Huawei на годинешниот MWC 2022 е преносен звучник, Sound Joy. Овој звучник е направен во соработка со Devialet и е направен со четири звучници во него, со најава за одличен квалитет на звукот.

Капацитетот на батеријата кај Sound Joy е 8000 mAh, а од Huawei истакнуваат дека може да се очекува истата да издржи до 26 часа на слушање музика.

Sound Joy доаѓа со IP-67 отпорност на вода и прашина, како и избор од две бои, црна и зелена.

ИЗВОРHuawei
Претходна статијаСо MatePad Paper, Huawei го претстави својот прв е-читач со поддршка за пенкалце и апликациите од App Gallery
Следна статијаРецензија Samsung Galaxy S21 FE 5G – уште една одлична „фан“ верзија на Samsung
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.