За време на одличниот MWC 2022, Huawei, покрај неколку други уреди, го претстави и својот прв е-читач, MatePad Paper. Овој вид на уреди обично се прават со „e-paper“ екрани и се замислени во главно да се користат за читање.

Поради трошењето на енергија само кога се менува содржината на екранот, овој вид на уреди може да издржат со денови на едно полнење, а од Huawei истакнуваат дека MatePad Paper може да издржи и до 14 денови во „stand by“ режим.

За разлика од конкурентот Amazon со нивниот познат Kindle, MatePad Paper доаѓа со поголем, 10,3 инчен E-Ink FullView екран кој исто така има и мали рамки со сооднос од 86,3%.

Huawei MatePad Paper доаѓа со поддршка за пенкалце, односно M-Pencil од Huawei, па корисниците ќе може да запишуваат белешки, а со оглед на достапноста на App Gallery, тоа ќе може да го прават во својата стандардна апликација, а не само на книгите кои ги читаат.

Од ова е јасно дека MatePad Paper не е само читач на книги, па овозможува корисниците да ги користат и останатите свои апликации од Huawei еко системот, но секако, на крајот, ваквите уреди се најмногу погодни за читање и запишување на работи.

Уредот работи на HarmonyOS 2, што значи дека постојните корисници на Huawei смартфони ќе можат лесно да се прилагодат на работата.

Цената која е препорачана од страна на компанијата е околу 500 евра, па јасно е дека кога се донесува одлуката за купување на овој уред, не треба да се гледа само како уред за читање на книги, туку и нешто повеќе.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаOppo ја најави својата наредна генерација на брзи полначи со 150W
Следна статијаHuawei со нов лаптоп, таблет, печатар и уште неколку уреди на MWC 2022
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.