hp-z2-mini-g3-2016-11-15-04

Кога ќе замислите компјутер кој се користи како работна станица, сигурно помислувате на супер големо куќиште, нели? Новиот Z2 Mini компјутер на HP е сосема спротивен на таа слика – исклучително е мал, но има моќни компоненти наменети за оние кои бараат максимум од својот компјутер.

Компјутерот ќе се нуди во неколку различни изведби, зависно од потребите на купувачите. Онаа насочена кон бизнис корисниците и „ентерпрајз“ светот има Intel Xeon E3-1200v5 процесор и NVIDIA M620 Quadro графика со 2 GB рам (лаптоп класа), но ќе има и изведби со Core i3, i5 и i7 процесори, кои ќе бидат насочени кон генералната публика.

Како и да е, од ниту една изведба не очекувајте високи гејминг перформанси – NVIDIA M620 Quadro не е таква графичка картичка. Таа има други карактеристики, како на пример брзo рендерирање на 3D симулации во софтвери како AutoCad и 3DS Max или пак во случај на преработка на видео.

hp-z2-mini-g3-2016-11-15-07

Z2 Mini ќе може да се опреми со максимум 32 GB DDR4 рам меморија и M.2 SSD диск со брзини од преку 1 GB/s и капацитет од 1.5 TB. На него ќе бидат вградени неколку стандардни порти, меѓу кои и USB Type-C, но само со брзина од USB 3.1 интерфејс, односно нема да биде достапен Thunderbolt 3.

Цената на Z2 Mini почнува од 699 долари за моделот со Core i3 процесор и Intel графика, што реално и не е многу евтино. Се уште нема најава за тоа колку ќе чини најмоќниот модел, но според компонентите, неговата цена би требала да изнесува минимум 3 пари повеќе од почетниот модел.

Сепак, најмоќната верзија на овој компјутер скоро и да нема вистинска конкуренција на пазарот – Mac Mini на Apple е веќе со неколку години застарени компоненти, а останатите Windows конкуренти се пред се насочени кон гејминг публиката, со графички како Nvidia GTX 1070 и 1080.

Извор: Engadget, BGR, HP

Претходна статијаSamsung Gear S3 достапен на светските пазари
Следна статијаНаскоро Cortana ќе разбира говор како и луѓето