Дефинитивно може да се каже дека што се однесува до технологијата на екрани и видео квалитет, 2014 ќе биде година на 4К резолуцијата. Се повеќе производители претставуваат модели со 4К резолуција, а полека ќе почне и видео содржината. Се разбира CES2014 настанот што се одржува оваа недела е одлично место за претставување на новите 4К модели.
Еден од производителите што претставија 4К монитор се Dell, кои што најмногу изненадија со неговата цена. Целосните карактеристики на мониторот не се сеуште познати, па не се знае што точно ќе има овој монитор, а и дали за да се добие оваа цена потребно било „жртвување“ на одредени карактеристики.
Се работи за Dell P2815Q монитор кој што доаѓа со големина од 28 инчи, не баш погодна за користење со вашиот компјутер од блиску, како и резолуција од 3840 x 2160. За жал сеуште нема повеќе информации за остатокот од карактеристиките, сепак она што е интересно се цената и резолуцијата, па останува верувањето дека од Dell не би си дозволиле да остатокот од карактеристиките ги направат слаби, што би направиле да овој монитор не вреди да се купи.