cq5dam.web.1280.1280-3

Полека гледаме дека се повеќе производители на автомобили работат на развој на целосно електрични модели кои што треба да се продаваат по цена пристапна за повеќето луѓе. Можеби повеќето од нас се надеваме дека наскоро ќе можеме да ги замениме автомобилите зависни од цената на нафтата со електрични, меѓутоа тешко дека кога тие ќе станат доволно масовно користени, нема да дојде до покачување на цената на електричната енергија.

Сепак, останува еколошкиот ефект на кој што не може да се стави цена, па градовите можеби ќе бидат многу подобри за живеење кога повеќето ќе возиме електрични или други вид на автомобили на обновлива енергија.

Chevrolet на 2015 Detroit Auto Show претстави концепт на целосно електричен автомобил кој што треба да се продава по цена од околу 30.000 долари. Кога точно ќе почне да се продава не е објавено, но според некои од неофицијалните информации, тоа би требало да биде некаде во 2017, година кога е најавена и продажбата на Tesla Model 3.

Chevrolet Bolt EV е наречен автомобилот од оваа компанија и спаѓа во класата на crossover автомобили. Има интересен дизајн кој што вклучува целосно стаклена површина на горниот дел од автомобилот што дава посебна прегледност на околината.

cq5dam.web.1280.1280-2

Доаѓа со поддршка за брзо полнење на батеријата со која што ќе може да се поминат околу 320 километри пред да треба да биде повторно наполнета.

Внатрешноста на Bolt EV е направена во целосно модерен стил. Контролата на повеќето работи во автомобилот се прави преку 10 инчен екран на допир, а тој може да се поврзе и со посебна апликација за мобилните телефони.

cq5dam.web.1280.1280-4

cq5dam.web.1280.1280-1

Преку апликацијата се поддржани неколку функции, меѓу кои и можност за автоматско паркирање на автомобилот и негово враќање на локацијата на возачот.

Возењето на автомобилот може да биде прилагодено преку неколку режими на возење кои што вршат прилагодување на забрзувањето, управувањето и амортизацијата.

Извор: GM, Auto Blog, Engadget

Претходна статијаДостапна Phone Insider апликација за Windows Phone, укажува на прикажувањето на Windows 10 овој месец
Следна статијаДенеска завршува главната поддршка за Windows 7
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.