bmw-m4-concept-iconic-lights-22-970x646-c

На CES2015 настанот оваа недела BMW го прикажа нивниот M4 Concept Iconic Lights, систем на фарови кој што користи ласери и OLED сијалички за неговата работа. Овој систем вклучува и неколку можности, односно не е наменет само едноставно да го осветли патот по кој што се движи автомобилот. Тоа до некаде го става во категоријата на паметни системи кои што ја искористуваат денеска широко достапната технологија.

Системот е поделен на предни и задни фарови, односно предните користат ласери како надополнување на светлото, додека задните се направени во OLED технологијата.

Ласерите на предната страна емитуваат до некаде сина светлина која што со користење на фосфорни плочи се претвора во бела, односно светлина која што треба да ја имитира дневната. Ласерите имаат можност да осветлуваат до 600 метри пред нив, што е повеќе од ксенон и OLED светилките кои што се користат во автомобилите.

bmw-m4-concept-iconic-lights-2-970x646-c

Системот исто така е опремен и со мали моторчиња кои што ги насочуваат ласерските светла со цел да се прилагодат на тоа што се наоѓа пред нив. Ова прилагодување е направено за неколку ситуации. Па така, доколку пред автомобилот има пешаци или други автомобили, светлата се насочуваат на таков начин што се осигурува дека тие нема да им пречат на нив. Исто така, системот дополнително осветлува објекти кои што се детектирани, меѓутоа смета дека возачот не е во можност најдобро што може да ги види. Така, доколку на патот има некое животно или пешак, на пример, светлата ќе се насочат за тие подобро да бидат осветлени.

Системот има можност и за следење на возилата кои што возат во истиот правец од предната страна на автомобилот, па да емитуваат еден вид на ленти кои што го информираат возачот за растојанието на автомобилот и безбедноста за негово поминување.

bmw-m4-concept-iconic-lights-6-970x646-c

Задните фарови се направени во OLED технологијата која што сепак уште не е спремна за масовно производство. Овој начин на правење на задните фарови овозможува тие да бидат многу помали од сегашните, односно да заземаат помал простор од автомобилот, а исто така трошат и значително помалку енергија.

Направени се на начин кој што овозможува прикажување на тоа што е потребно, односно светлата кои што можат да се прикажат на одреден дел од фаровите не е фиксен, па може да биде прилагоден соодветно на одредена ситуација.

Извор: Cnet, Digital Trends

Претходна статијаНаследството на Аарон Шварц
Следна статијаJanicki Omniprocessor – Уред кој од отпадна вода произведува вода, електрична енергија и прашина
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.