Дека иднината е во вештачката интелигенција, потврдуваат напорите за развој на чипови кои ќе овозможат побрзо машинско учење на скоро сите производители на чипови. На ова се придружува ARM, кој има нова архитектура на чипови кои ќе овозможат токму полесно учење на компјутерите.

Новите чипови ќе се викаат DinamIQ и во иднина нив би можеле да ги видиме во најразлични апликации на вештачка интелигенција, како автономни возила, но и во помали електронски производи, како на пример нашите смартфони и играчки конзоли. Со ова, ARM гарантира светла иднина за нивните чипови, надвор од супер преносливите уреди каде доминираат сега.

DinamIQ е повторно базиран на big.Little начинот на функционирање, што значи дека овие чипови ќе имаат моќни и штедливи јадра кои ќе работат во хармонија, со цел уредите со нив да имаат уште подобро траење на батеријата и повисоки перформанси. Сепак, споредено со досегашните изведби, новиот DinamIQ чип ќе може да има неколку различни типови на јадра, за различни побарувања на софтверот.

Новите DinamIQ чипови ќе имаат и специјални акцелератори за машинско учење, кои ќе најдат примена во изведбите со вештачка интелигенција. Благодарение на нив, производителите на преносни уреди, како на пример смартфони, ќе можат да вградат машинско учење дури и во уредите кои ги носиме со нас. Машинското учење може да се искористи и моќта на процесорот подобро да се користи зависно од потребите на секој корисник, односно да се прилагоди токму на неговите потреби.

Според ARM, сите овие подобрувања ќе донесат до забрзување од 50 пати за перформанси поврзани со вештачка интелигенција, што е огромен скок во однос на досегашните процесори. Исто така, благодарение на DinamIQ, тие очекуваат до 2021 патот до финалниот корисник да го најдат преку 100 милијарди ARM чипови.

Извор: The Verge, Engadget, AnandTech

Претходна статијаSuper Mario Run од 23-ти март на „полиците“ на Play Store
Следна статијаMicrosoft спреми специјална верзија на Windows 10 за кинеската влада
0 0 votes
Article Rating
Subscribe
Notify of
guest

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments