iPodFamily-NewColors-PR-PRINT

Apple оваа недела, после скоро три години, претстави нова верзија од iPod Touch, музичкиот уред за корисниците кои што го сакаат целосно iOS искуство, но за пониска цена од iPhone моделите. Се разбира iPod не започна вака, тој беше меѓу најпопуларните MP3 плеери во времето кога тие беа масовно користени, пред таа активност да биде преземена од страна на паметните телефони.

Заедно со новиот iPod Touch, Apple направи еден вид на освежување и на другите iPod модели, односно iPod Nano и iPod Shuffle, кои што не добија нови карактеристики или слично, туку само дополнителен избор на бои.

Што се однесува до новиот iPod Touch, тој е зајакнат со нови компоненти кои што се користат во iPhone 6, па може да се каже дека корисниците го добиваат моментално најдоброто од Apple за мобилните уреди.

iPod Touch доаѓа со 4 инчен Retina екран и работи на A8 64-битниот процесор, како и M8 ко-процесорот за движења. Останатите компоненти се исто така подобрени, па iPod Touch вклучува и 8 мегапикселна iSight камера, како и предна FaceTime HD камера.

iPodTouch-7Up-Accordian-PR-PRINT

Од Apple истакнуваат дека новиот iPod Touch ќе овозможи до 10 пати подобри перформанси, а посебно за играње на игри, како и многу попрецизно мерење на движењата на корисникот.

iPod Touch ќе биде достапен во четири различни модели зависно од просторот за складирање, па така ќе може да се купи iPod Touch со 16 GB за 199 долари, 32 GB за 249 долари, 64 за 299 долари, а овој пат ќе биде достапен и модел со 128 GB простор за складирање и ќе чини 399 долари.

Извор: Apple, The Loop, The Verge

Претходна статијаFlash Player повторно „безбеден“ за користење, Adobe ги закрпи двата пропусти
Следна статијаSpace Case 1 – Kickstarter проект за паметен и модерен куфер
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.