Преносен компјутер (лаптоп) приклучен на 8 екрани вадејќи 100 слики во секунда на најновата Call of Duty… Нереално? Alienware не мисли така. Токму затоа го претстави својот најнов уред наречен Graphics Amplifier. Тој чини 300 долари и во својата основа е PCIx4 порта за вметнување на PCI графичка картичка која се поврзува со лаптоп.
Самиот уред пружа 375 Вати моќност што значи дека ги поддржува практично сите денешни графички карти (можеби со исклучок на ѕверот на Nvidia, Титан, кој има потреба од максимални 372 Вати). За жал овој уред засега може да се користи само со еден вид на Alienware лаптоп, Alienware 13, бидејќи има потреба од посебен хардвер за да може да се поврзе со компјутерот. Уредот во себе вклучува и четири УСБ 3.0 порти за да може корисникот да ги вклучи скоро сите други уреди на него без да има потреба да брка по останатите порти на компјутерот. Graphics Amplifier има и интегрирано напојување во себе што му овозможува да ја постигне бараната моќност за да ја активира прикачената графичка карта.
Кога е вклучен уредот се исклучува вградената графичка карта од Nvidia, но процесорски-вградената картичка на Intel останува функционална. Како што наведов погоре, има можност за поврзување до 8 екрани што навистина би изгледало импресивно.
Овој уред би требало да придонесе на (засега) вашиот Alienware 13 преносен компјутер да му се продолжи рокот во светот на игрите за барем неколку години, бидејќи сите знаеме дека колку и да земеме силен лаптоп едноставно по некоја година веќе се мачи видеото во игрите да го прикаже како видео, а не како фотографии.
Извор: PCWorld