Телефоните на Samsung веќе со години важат за едни од најдобрите кога е во прашање камерата. Доколку разговарате со фанови на компанијата, сигурно ќе ви кажат дека нема конкуренција на Samsung и тие не би биле 100% грешка.

Сепак, изминатите години, а посебно 2018, Samsung доби нов конкурент кој досега најмногу успеа да го привлече вниманието кон себе. Се разбира тука мислиме на Huawei кои беа мислам првите кои почнаа да вклучуваат чип со вештачка интелигенција кој овозможува подобро оценување на сцената, како и условите при сликање.

Samsung сигурно нема да остане и да гледа што се случува на пазарот, па покрај веќе стандардното вклучување на вештачка интелигенција, тие сега наводно имаат купено компанија која е специјализирана во развој на мобилни камери.

Се работи за израелската компанија Corephotonics и според извори на Android Authority тие веќе ја имаат купено оваа компанија за 155 милиони долари.

Главната насока во која се специјализира Corephotonics е зумирањето на сликата без губење од квалитетот, а тие веќе требало да соработуваат со кинескиот Oppo на овој план.

Доколку информациите се покажат како точни, сепак не може да се очекува смартфон со новата технологија доволно брзо за S10. Тоа може да се очекува нешто подоцна, а не е чудо да ги видиме новите и подобрени камери во некои од моделите од средната класа.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.