Од времето што го минувам прелистувајќи разни веб страници, има нешта што ми оставаат посебен впечаток. Тоа може да се видеа, блог постови, песни, кратки филмови итн.

Некои од нив се информативни, некои забавни. Решив да споделам некои од оние што ги конзумирав изминатава недела. Се надевам дека ќе најдете вредност во нешто од тоа што ќе го видите/прочитате подолу.

Јутјуб видеа во кои уживав

You Suck at Cooking – Candied WalnutsЧовеков прави генијални видеа. И многу смешни. Има неколку видеа кои се подобри од многу кратки филмови со набилдан буџет. Ова е едно од неговите понови, во кое се навраќа на неговиот однос со вдомениот робот Pimblokto (се појавува и овде).

Gordon Ramsey/Bill Burr на Hot Ones. Hot Ones е популарен Јутјуб серијал во кој гостуваат познати личности и јадат лути пилешки крилца. Во најновата епизода се појавува Гордон Ремзи, но мојата омилена е таа со стендап комичарот Бил Бур. Како што тече интервјуто, гостите се препотуваат и не можат да се концентрираат на прашањата што им ги поставува домаќинот. Интересен концепт.

Exploited by Burger KingОд Јутјуб влогерите често знам да погледнам видео на Кејси Најстет. Во неговиот последен влог, тој опишува како Бургер Кинг примениле едноставна, паметна, но и манипулативна тактика за да привлечат внимание на социјалните медиуми. Тактиката е лајкнување на негови стари твитови (од 2009/2010 година) со цел да предизвикаат некаква реакција.

Апликација што ја користам: Waking up with Sam Harris. За оние што сакаат да почнат да медитираат, но се прашуваат како. Апликацијата е бесплатна и содржи 40 лекции за медитирање што се водени од самиот Харис. Тој ве води низ целиот процес, од седнување, следење на здивот и соочување со мислите што се појавуваат додека медитирате. Фантастичен ресурс.

Блог пост од кој научив нешто ново: Viewpoint: Evolution denialism is back. This time it’s coming from the left. Шокантно е да се прочита колку зема замав во САД гледиштето дека еволуцијата е „застарен концепт“. Очигледно, не постојат само машки и женски пол, тоа е „премногу едноставно“ гледиште, според угледни амерички списанија кои се бават со наука. Авторот одлично го претставува проблемот со кој се соочува тамошната академска заедница, која се плаши да ја говори вистината од страв од негативни последици за нивната кариера.

Enjoy.

п.с. сакам овој вид на текстови да стане дел од мојот редовен „репертоар“. Ако имате препораки, споделете во коментари за да бидат опфатени во некој од наредните написи.

Претходна статијаSamsung купува израелска компанија која работи во областа на мобилните камери?
Следна статијаSamsung го претстави првиот на пазарот чип за податоци на мобилните од 1 терабајт