Shutterstock.com

Околу септември минатата година стана јасно дека проблемите кои ги имаат САД и Кина нема да завршат на време за да новите модели од Huawei можат слободно да ги користат сервисите и апликации од Google. Стана јасно дека Huawei ќе мора да продолжи да ги продава своите уреди без Play Store од Google, а со тоа се изгуби пристапот до сите апликации кои со години се додавани во оваа продавница, како и до апликациите од Google.

Со оглед на тоа што Android е со отворен код и забраната за соработка со оваа компанија не може да и забрани користење и промена на овој код, телефоните од Huawei не добија некоја промена што се однесува до оперативниот систем. Huawei веќе правеше доволно големи измени на основниот Android, па корисниците на новите уреди не може да забележат некаква разлика.

Остана само прашањето што ќе се прави со апликациите, нешто што иако за во Кина не е проблем, таму Google сервисите и апликациите не се ни користат, може да биде проблем за остатокот од светот.

Според тоа што можеше да се види на презентација од Huawei оваа недела во Лондон, тие воопшто немаат проблем со тоа што се случува, а на крајот може да испадне да проблем повеќе од целата ситуација имаат Google.

Како што истакнуваат од Huawei, тие остануваат еден од најголемите производители на телефони во светот, па сега ќе почнат и посериозно да ги промовираат нивните сервиси и апликации.

Тие на презентацијата во Лондон ја презентираа четвртата верзија од Huawei Mobile Services и ги поканија програмерите да уште повеќе развиваат апликации со нивните алатки, а нив ги има многу заедно со ново претставените.

Со оглед на големината на Huawei, може лесно да се замисли како нивната продавница за апликации стане сериозен конкурент на Play Store од Google, но и на App Store од Apple.

ИЗВОРTechRadar
ИЗВОР 2The Register
Претходна статијаЕвропскиот Парламент ќе предложи закон за користење на еден универзален стандард за полнење на сите мобилни уреди
Следна статијаNetflix планира да потроши околу 17 милијарди долари на нивна оригинална содржина оваа година
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.