Shutterstock.com

По неофицијалната најава од страна на извори на Reuters, во петокот Google официјално постигна договор со Fitbit за купување на оваа компанија. Вредноста која треба да биде платена за купување на сите акции изнесува 2,1 милијарда долари, односно по 7,35 долари по акција.

Единствената грешка која беше пренесена од Reuters беше тоа дека Alphabet е компанијата која ќе ја купи Fitbit, односно компанијата мајка на Google, но сепак на крај испадна пологичната верзија, а тоа е дека оваа компанија повеќе припаѓа кај Google, а не како посебна единка во групацијата.

„Во текот на годините Google направи напредок со партнерите во оваа област со Wear OS и Google Fit, но гледаме можност да инвестираме уште повеќе во Wear OS како и да претставиме Made by Google уреди за носење на пазарот.“ – истакнаа од Google.

Јасно е дека со купувањето на оваа компанија ќе може да се очекуваат нови паметни часовници и алки од Fitbit кои ќе бидат развиени повеќе за потребите на Google, а со тоа и посериозно настапување на пазарот.

Моментално на овој пазар најголем удел имаат Apple, кои покрај дизајнот и квалитетот на нивниот часовник, воведоа со тек на време доста функции од областа на здравјето, па дури имаат и можност за правење на ЕКГ на корисникот.

Доволно добра Android конкуренција на Apple Watch досега немало, па се очекува дека Google со претставување на Pixel Watch можеби, ќе направи промени на овој пазар.

Инаку, од двете компании истакнуваат дека иако е очекувано да сите информации за корисниците кои се собираат од страна на Fitbit сега ќе им станат достапни на Google, тие нема да се користат за прикажување на реклами.

ИЗВОРWired
Претходна статијаFacebook ќе продолжи да не прави никаква контрола на политичките реклами
Следна статијаАплицирајте на младинскиот предизвик Generation Unlimited
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.