ericsson-hq-09

Apple и Ericsson постигнаа договор за завршување на спорот кој што го имаа околу патентите во сопственост на втората компанија. Според него, Apple ќе треба да му исплаќа на Ericsson одредена сума на пари, која што сепак се’ уште не е јавно соопштена.

Според информациите од инвестиционата банка ABG Sundal Collier, сумата која што е договорена изнесува 0,5% од секој продаден iPhone и iPad уред. Се работи за огромна сума на пари, која што веќе ја зголеми вредноста на акциите на Ericsson за 7%.

Спорот помеѓу двете компании започна на почетокот од оваа година, по поднесување на тужби од двете компании. Сумата која што се претпоставува дека Apple ќе ја исплаќа на Ericsson е помала од таа што би требало да ја исплати доколку продолжеше спорот пред судот, а од тука и договорот помеѓу компаниите.

Инаку, прекршувањето на патентите од страна на Apple се однесува на 4G технологијата, како и постарите 2G и 3G. Од Ericsson изјавија дека постигнувањето на договорот ќе овозможи двете компании да продолжат да соработуваат и во развојот и користењето на 5G технологијата.

Ericsson е шведска компанија која што постои повеќе од еден век. Тие се познати по нивното влијание во развојот на комуникациската технологија, па не е ни чудно што поседуваат огромен број на патенти.

Тие веќе имаат договори со другите производители на паметни телефони за добивање на надомест за технологиите за кои што тие поседуваат патенти.

Извор: Geek, Fortune

Претходна статијаНовиот Moto X ќе има метално тело?
Следна статијаSpaceX конечно направи успешно вертикално слетување на нивната ракета
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.