MotoX_Leaked-970-80

Една од главните карактеристики на Moto X по која се разликува од останатите телефони, се големите можности за персонализација, односно изборот на различни комбинации на бои и материјали за задниот поклопец.

Сепак, според протечени фотографии, новиот модел веројатно би бил изработен од алуминиум и ќе биде “unibody”, што значи дека би било многу тешко да му биде променета задната маска.

На фотографиите може да се види дека целосниот дизајн на уредот е многу различен од оној на актуелните модели – телефонот не е веќе толку заоблен, туку има изглед кој малку потсетува и на HTC One серијата. Назад ја нема ниту вдлабнатината за Motorola логото, а камерата излегува од телото – во актуелните модели и таа е вдлабната. Исто така, предните стерео звучници на актуелниот модел, тука се заменети со еден заден звучник, што не е добра вест.

Ова фрла мала сенка на овие информации. И покрај тоа што новиот модел би можел да има алуминиумско тело, не може да се очекува дека Motorola би ја тргнала можноста за персонализација на телефонот и предните звучници, кои привлекоа многу купувачи. Освен ако персонализацијата и натаму се нуди и покрај ограничувањата на металното тело…

Новиот Moto X инаку со сигурност ќе има Snapdragon 820 процесор и читач за отпечатоци за прстите, а ако веруваме на овие фотографии, би требал да има и прилично моќна камера со двоен блиц. Сепак, многу е рано да се шпекулира за сите спецификации – телефонот ќе биде лансиран при крајот на првата половина на наредната година, ако се водиме според тоа кога беа лансирани претходниците.

Извор: TechRadar, GSMArena, TechTimes

Претходна статијаКако да го заштитите вашето дете од негативните влијанија на интернетот?
Следна статијаApple ќе му плаќа 0,5% од приходите од продадените iPhone-и на Ericsson?