wdc-20-1

Скопје, 5 септември 2016 – Wizz Air, најголемата ниско-буџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа, денес го поздрави својот милионити член на Wizz Discount Club и го прослави овој голем настан со 20% попуст на сите Wizz Discount Club резервации направени денес.

Wizz Discount Club започна во март 2011, дизајниран специјално за лојалните корисници кои што патуваат со фамилијата или со пријателите. Програмата беше надградена од нејзиното прво стартување како резултат на потребите на патниците, и сега нуди голем спектар на попусти за патување и други поврзани услуги.

Дополнително на минимум загарантираниот попуст од 10€ на цената на билетите*, членовите можат да добијат и дополнителни 5€ попуст на секое парче голем багаж купено на интернет. Wizz Air нуди два вида на членство да се осигура дека сите негови корисници можат да го одберат оној кој најмогу одговара на нивните потреби за патување. Стандардното членство ги гарантира најниските цени и други попусти за еден патник со еден сопатник, додека групното членство нуди најповолни услови за еден член со пет сопатници. Повеќе информации за оваа програма може да најдете на wizzair.com.

За да го прославиме денешниот настан за паметење, Wizz Air ги намалува за 20% сите денешни резерваци за сипе постоечки и нови Wizz Discount Club  членови.

WIZZ AIR DISCOUNT CLUB ЦЕНИ:

Вид на членство Годишнен надоместок
Стандардно членство 29.99€
Групно членство 49.99€

George Michalopoulos,  Комерцијален шеф на Wizz Air вели: “Среќни сме  што гледаме голем пораст на популарноста на Wizz Discount Club, покажувајќи ја лојалноста на патниците кон Wizz Air. Покрај тоа што обезбедува значителни заштеди за патниците,  WIZZ Discount Club е исто така одличен начин да се заштеди кога патувате со фамилијата или пријателите. Навистина го цениме тоа што се повеќе патници го одбираат нискобуџетните услуги на Wizz Air, а ние и понатаму ќе продолжиме да нудиме најдобра услуга на Wizz летовите!

* Попустот е достапен на сите цени 19.99€ но со исклучок на домашните рути. Цените вклучуваат даноци, не опционални трошоци, и една мала кабинска торба (42x32x25cm).

Претходна статијаПродажбата на таблети ќе се стабилизира во 2018 година, благодарение на Windows 10 уредите
Следна статијаНовите телефони на Google ќе се викаат Pixel и Pixel XL, пристигнуваат наредниот месец