Фото: Shutterstock.com

Преку писмо испратено од адвокатот на Елон Маск, до директорот на Microsoft Сатја Надела, Twitter ја обвинува оваа компанија за злоупотреба на пристапот до податоците на мрежата, односно на користењето на API алатките.

Во писмото прво се истакнува дека Microsoft со години го користи пристапот бесплатно, а сега не сакаат да плаќаат за тоа, дури и со цена со попуст. Одлука на Маск беше да се почне со наплата за пристапот до API алатките, па доста компании се одлучија да престанат да ги користат.

Истакнати се осум апликации кои ја користат API алатката, односно Xbox One Social, Bing Pages, Bing Pages 2, Microsoft Azure, Microsoft Power Platform, Microsoft Ads, Microsoft Global Ads и Azure Logic Apps for Fairfax.

Првото тврдење е дека Microsoft не се придржува до правилата и договорите на мрежата и повеќекратно ги надминуваат поставените ограничувања за пристап до информациите.

Тоа што е посериозно е обвинувањето дека Microsoft ги има користено алатките за недозволени цели. Од компанијата имале должност да ги информираат Twitter за што се користи пристапот, но тоа не било направено за шест од осумте апликации.

Еден од примерите кои се истакнува е овозможувањето на Twitter содржина на владини тела и агенции, а ова е нешто што е забрането според правилата на мрежата.

Од Twitter во основа бараат информации за користењето на податоците изминатите години, па ќе видиме каква ќе биде реакцијата од Microsoft.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаApple им има забрането на вработените да го користат ChatGPT и слични други алатки
Следна статијаOpenAI ја претстави ChatGPT апликацијата за корисниците на iOS
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.