Sony оваа недела објави дека ја купува компанија Bungie за 3,6 милијарди долари, со што оваа гејминг компанија ќе стане дел од PlayStation Studios. Функционирањето на Bungie ќе продолжи како независен дел од Sony, а директорот ќе ја има функцијата на претседател на одборот на директори.

Игрите кои се дел од ова студио ќе продолжат да бидат достапни на повеќе платформи, односно според најавите, не се планира ексклузивна достапност само на PlayStation конзолата.

Bungie се познати како креатори на познатата игра Halo која сега е дел од Microsoft откако компаниите се одвоија. Игра која сега е позната и е развиена од Bungie е Destiny.

Оваа вест доаѓа кратко по слична вест на гејминг пазарот, односно купувањето на Activision Blizzard од страна на Microsoft. Овој договор е со многу поголема вредност, скоро 70 милијарди долари и ќе има многу поголем ефект врз пазарот.

„Експертизата од светско ниво на Bungie во развивањето за повеќе платформи и сервиси за игри во живо ќе ни помогне да ја постигнеме нашата визија на проширување на PlayStation на стотици милиони гејмери. Bungie се голем иноватор и имаат развиено одлични алатки кои ќе помогнат PlayStation Studios да постигне нови височини по водството на Хермен Хулт.“ – истакна директорот на Sony Interactive Entertainment.   

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаСега е вистинско време да купите Samsung апарати за домаќинство
Следна статијаКАС, ЛЕАД и ССРСМ ја лансираат наградата за средношколско учество „најГЛАСни“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.