Samsung објави дека има започнато со план за замена на сите материјали кои се дел од нивните пакувања за производите со материјали кои се „пријателски“ настроени кон околината.

Промената ќе подразбира замена на пластиката и сличните нееколошки материјали од пакувањата, од држачите за производите, како и хартијата која се користи за упатствата.

Исто така, од компанијата најавуваат дека промена на материјалот ќе има и кај полначите, па наместо сегашната сјајна пластика, ќе се користи друг мат материјал.

Кога ќе се земе во предвид колку милиони производи годишно произведува и продава оваа компанија, сигурно е јасно дека еден ваков потег од нивна страна не е за потценување. Потрошувачкта на пластика и други материјали се мери во тони, па промената сигурно е за поздравување.

ИЗВОРSamsung
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаMotorola е новиот спонзор на фудбалскиот тим Chicago Fire
Следна статијаGalaxy A9 Pro е вториот смартфон од Samsung со Infinity-O екранот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.