По претставувањето на Galaxy A8s минатиот месец, Samsung сега претстави уште еден екран за којшто се веруваше дека ќе биде промовиран со S10-ките идниот месец.
Се работи за Infinity-O екранот, а тој сега е претставен на уште еден телефон од средната класа, Galaxy A9 Pro.
Главната карактеристика на Infinity-O, како што веќе знаете, е немањето на рамка, ниту исечок на горната страна од екранот. Единствено што може да се види на горната страна е мала дупка за камерата, па заедно со заоблените страни и малата рамка на долната страна, овие телефони имаат одличен однос помеѓу екранот и телото на уредот.
Инаку, Galaxy A9 Pro има 6,4 инчен LCD екран со резолуција од 2.340 на 1.080 пиксели. Работи на Snapdragon 710, има три камери на задната и една камера на предната страна, батерија со капацитет од 3.400 mAh.
Овој телефон сепак е претставен за источниот пазар, па сега за сега нема да може да го видиме на нашиот. Можеби во иднина ќе биде достапен во форма на некој друг сличен модел.