Фото: Shutterstock.com

Основачот на iRobot, Колин Енгл, компанија која стои зад развојот на најпознатата роботска правосмукалка, Rumba, после 30 години како директор на компанијата, сега ќе се обиде на пазарот со нова. 

iRobot има проблеми со функционирањето по откажувањето на намерата за купување на компанијата од страна на Amazon на почетокот од годината. Откажувањето дојде по можните проблеми од регулаторните тела, па на iRobot им беше исплатена одредена сума за откажувањето. 

Колин Енгл тогаш ја напушти компанијата, па сега се враќа со нов „стартап“ наречен „Familiar Machines & Magic“. 

Не сум сигурен што да мислам за најавата на производите на оваа нова компанија. Истата ќе развива роботи за домашна употреба кои ќе имаат за цел да влијаат на здравјето и благосостојбата на корисниците. 

Тоа би го постигнале преку развој на роботи во форма на мали животни или на познати луѓе.

Засега нема подетални информации за овие роботи, но со развојот на генеративната вештачка интелигенција очекувано е дека ќе гледаме различни видови на „домашни асистенти“ кои сега е можно да бидат навистина корисни. 

Како дел од новата компанија се враќаат и поранешниот технички директор на iRobot, Крис Џоунс, како и една од вработените која се имаше префрлено во Amazon.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаInstagram доби можност за закажување на времето на испраќање на пораките
Следна статијаChatGPT Search им стана достапен на сите корисници
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.