MS-DOS 1.1 и 2.0, како и Word For Windows стануваат дел од историјата со објавувањето на нивниот изворен код (source code) за јавноста. Computer History Museum, односно Музејот за компјутерска историја од Калифорнија, со дозвола од страна на Microsoft го направи достапен за јавноста кодот на овие две софтверски решенија, ставајќи ги во категоријата ја open source софтвер. Тоа значи дека кодот на овие програми е достапен за секого да го „чепка“ и менува на кој начин сака, но без дозвола променетата верзија да биде продавана или поставувана за симнување на интернет.
MS-DOS е кратенка од Microsoft-Disk Operating System и е направен со доработување на 86-DOS оперативниот систем направен од страна на Seattle Computer Products. Овој оперативен систем е купен од страна на Microsoft заедно со неговиот програмер. Причината за ова е барањето од страна на IBM во 1980 за изработка на оперативен систем од страна на Microsoft за нивни планирани персонални компјутери. Microsoft во тој период немал започнато со изработка на ваков софтвер, па се решаваат за купување и доработување на друг. Доработената верзија го добива името PC-DOS и е лиценцирана на IBM, додека посебна верзија наменета за останатите клиенти е наречена со потоа задржаното име MS-DOS. Овие две верзии иако заедно започнати, подоцна посебно се развиваат.
Во 1989 година, после не толку успешната верзија за MS-DOS, Microsoft го издава Word for Windows кој што работел на веќе новите оперативни системи со графички кориснички интерфејс. Оваа верзија прави голем успех и успева за неколку години да земе пола од пазарот на софтвер за обработка на текст.