1395721271-2014-03-25-at-05-20-47-ap

Бројот на апликации во App Store за iOS е огромен, ја има надминато бројката од милион, па пронаоѓањето на апликации станува не толку едноставна работа за корисникот. Ова е исто така „проблем“ за програмерите на апликации кои што сакаат нивната апликација да биде што полесно откриена од корисникот. Со цел прикажување на нивните апликации што погоре во резултатите од пребарување на корисникот, програмерите почнаа со оптимизирање на истите за алгоритамот за пребарување од Apple.

За што повеќе апликации да може да бидат откриени од страна на корисникот, Apple почна да тестира нова функција овозможена на ограничен број на корисници. Функцијата се состои од лента која што се појавува под полето за пребарување и му предложува на корисникот дополнително пребарување поврзано со моментално направеното. Лентата е лизгачка, односно содржи повеќе предлози до кои што може да се дојде со повлекување на прстот преку неа. На пример, доколку корисникот пребарува со впишување на зборот календар, покрај тоа што на стандардниот начин ќе му бидат прикажани апликации соодветно на ова пребарување, исто така новата лента ќе му предложи дополнително пребарување како, календар планер, дневен планер и слично. Со тоа корисникот може да го продлабочи пребарувањето и потенцијално да открие нови апликации кои што не би ги открил со стандардното пребарување. Колку повеќе корисникот притиска на некои од предлозите, пребарувањето станува подетално и конкретно, а со тоа и нивото не релевантност на апликациите кои што ги добива како резултат станува повисоко.

Извор: Macstories

Претходна статијаMicrosoft го отвори кодот на MS-DOS и Word for Windows за јавноста
Следна статијаFacebook ги купува Oculus VR за 2 милијарди долари
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.