eugene-kaspersky

Помина времето кога се што имаше име Windows во него, важеше за небезбедно, односно недоволно отпорно на напади и вируси. Според Јуџин Касперски, основачот на еден од најпознатите софтвери за заштита од напади и вируси, Kaspersky Lab, Windows Phone а моментално најбезбедниот оперативен систем.

Од друга страна, најслаб меѓу оперативните системи е iOS, односно оној кој се користи за iPhone и iPad. За ова е делумно крива популарноста на системот, односно тоа дека хакерите се преокупирани да направат вируси и други малициозни софтвери. Ова е особено интересен податок, бидејќи многу корисници веќе го користат својот iPhone како средство за интернет плаќање, односно плаќање во продавниците, иако е не е доволно безбеден за да ги зачува тие податоци.

Неочекуван податок е што втор најбезбеден оперативен систем е пак Windows 8.1, односно оној кој го имате во својот компјутер, што значи дека помина времето кога Mac OS X важеше за софтвер за кој има помалку вируси. Според Kaspersky, разликата ќе се зголеми со Windows 10, кој ќе биде уште постабилен и поотпорен на напади. Исто така, најпознатиот човек во борбата против вирусите спомна дека и Android не е доволно безбеден оперативен систем.

Што значи дека ако сумираме, денес е најбезбедно да имате Windows компјутер и телефон. Да, незамисливо е за сите кои го следат компјутерскиот свет последниве три децении, но работите се менуваат секоја година, а последниве две, ако се потсетиме, поминаа со многу голи фотографии украдени од iPhone-ите на познатите личности…

Според моето лично искуство со Windows 8.1, можам да потврдам дека заштитата е драматично подобрена, дотаму што веќе и не користам антивирусен софтвер. Не би можел да го препорачам ова на сите, а веројатно и не би му се допаднало на самиот Kaspersky, но потребата од такви програми според мене дефинитивно станува се помала – најважна алка во заштитата од нападите е сега самиот корисник. Затоа, секогаш пазете на тоа кои сајтови ги посетувате (нашиот е 100% безбеден, ветуваме), како и тоа каде ги чувате сензитивните фотографии, видеа и информации.

Извор: GSMArena

Претходна статија„Модерната“ Windows 8 Skype апликација престанува со функција од 7-ми Јули
Следна статијаArchos претстави два нови супер евтини Android телефони