intel-logo

ПРЕГЛЕД НА НОВОСТИТЕ

  • Претставување на Intel® Atom™ x3 серии на процесори, досега познати под кодното име “SoFIA,” за поевтини смартфони, фаблети и таблети со 20 клиенти посветени да испорачаат дизајни.
  • Претставување на Intel® Atom™ x5 и x7 серии на процесори, претходно познати под кодното име “Cherry Trail,” за мејнстрим и премиум таблети и 2 во 1 уреди со мали дисплеи.
  • Претставување на напредното решение на Интел со пет модови Intel® XMM™ 7360 LTE, со поддршка до 10та категорија и брзини на симнување податоци до 450 Mbps.
  • Brightstar Corp, Deutsche Telekom, LG Electronics, Prestigio и Samsung ги одбраа Intel Security technologies да им помогнат во обезбедувње на своите персонални уреди.
  • Објавени напорите со Alcatel-Lucent, Ericsson и Huawei да се одговори на побарувачката за нови услуги, подобрување на ефикасноста на мрежите и забрзување кон софтверски дефинирана инфраструктура со користењето на Интел архитектура.

Светски мобилен конгрес, Барселона, Шпанија, 2-ри март, 2015 – Извршниот директор на Интел корпорацијата Брајан Крзанич денес објави серија на мобилни платформи вклучувајќи го и компанискиот „low-cost“ систем на чип (SoC) за телефони, фаблети и таблети, LTE решение, иновативно персонално компјутерско искуство, како и потрошувачи за мобилни уреди и понуди за мрежни инфраструктури. Со технологиите почнувајќи од силикон, софтвер и безбедност, Крзанич рече дека Интел е една од ретките компании што можат да обезбедат целосни решенија за уреди, мрежа и клауд.

Објавите ги вклучуваат Intel® Atom™ x3 сериите на процесори, кај Интел прво интегрирано комуникациско SoC решение за растечките пазари за „entry“ и „value” уреди, како и Intel® XMM™ 7360 LTE напредното решение, дизајнирано за перформанси и покриеност низ светот. Како надополнување, Крзанич ги истакна заедничкте напори со Alcatel-Lucent, Ericsson и Huawei да одговорат на побарувачката за нови телекомуникации, клауд и дата центар сервиси, подобрување на ефикасноста на мрежите, како и забрзување на индустријата кон софтверски дефинирана инфраструктура.

Крзанич дополни дека корисниците на Samsung Galaxy S6 и S6 Edge ќе можат да го користат најновото „ anti-malware“ решение од McAfee VirusScan Mobile™ технологијата која ќе биде вградена и активирана во овие уреди.

„Еволуцијата на пазарот за мобилни и растот на смарт, поврзани уреди доведува до зголемена побарувачка за подобра конекција и заштита на овие уреди во реално време,“ кажа Крзанич. „Сите овие фактори задвижуваат трансформација кај мрежите и забрзување на донесувањето на нови персонални компјутерски искуства, сервиси и можности што ќе бидат сигурни и обезбедени. Интел е една од ретките компании во светот која може да обезбеди целосни решенија долж целиот спектар на мобилност.“

Мобилни комуникациски продукти

            Интел ја претстави Intel Atom x3 серијата на процесори (порано позната под кодното име „SoFIA”), првата интегрирана комуникациска платформа од Интел за „entry“ и „value“ таблети, фаблети и смартфони. Комбинацијата на 64-битен повеќе-јадрен Intel Atom процесор заедно со 3G or 4G LTE, интегрираниот комуникациски SoC комбинира процесор за апликации, процесор за слики, графика, аудио, поврзување и менаџмент на потрошувачка на енергија во еден системски чипсет. Оваа интеграција им дозволува на производителите на уреди да испорачаат таблети со сите можности, фаблети и смартфони со достапни цени за рапидно растечките „entry“ и „value“ сегменти од пазарот.

Интел ги донесува бенефитите од интегрирана Интел архитектура и безжични комуникации до потрошувачите, вклучувајќи го технолошкиот екосистем во Кина. Дваесет компании, вклучувајќи ги ASUS и Jolla, се обврзаа да испорачаат Intel Atom x3 дизајни.

Заокружувајќи го мобилното портфолио што се простира од „entry“ до „performance“ сегментите, Интел го претстави првиот 14нм Intel® Atom™ SoC, Intel Atom x5 and x7 processor series (порано познат под кодното име “Cherry Trail”) за таблети од следната генерација и 2 во 1 уреди со мали дисплеи. Нудајќи 64-битна поддршка за Windows и Android, Intel Gen 8 графика, и опција за следна генерација LTE Advanced поврзување, Intel Atom x5 и x7 процесорите ќе придвижуваат од мејнстрим до премиум уреди. Процесорите се исто така „conflict-free1,” што значи дека овие продукти не содржат минерали (калај, тантал, волфрам и/или злато) што финансираат кршење на човековите права во Д.Р. Конго.

Клиентите, вклучувајќи ги Acer, ASUS, Dell, HP, Lenovo и Toshiba, се обврзаа да ги испорачаат уредите на оваа платформа. Првите уреди на пазарот се очекува да бидат ви првата половина од оваа година.

Интел исто така ја објави третата генерација на LTE Advanced Category 10 модемот. Intel XMM 7360 поддржува 3x провајдерска агрегација и брзини на симнување податоци до 450 Mbps. Неговата компактна големина и ефикасност во потрошувачката на енергија му овозможува Intel XMM 7360 да биде дел од повеќе различни фактори на форма, од смартфони и фаблети до таблети и персонални компјутери. Додатно го зголемува портфолиото на Интел за LTE решенија, давајќи им на производителите компетитивно решение за брзо дизајнирање и лансирање на LTE уреди долж различни сегменти на пазарот и географски реони. На светскиот мобилен конгрес, компанијата дополнително демонстрираше пред-5 G концепт што LTE со 802.11ad да обезбеди брзина од повеќе од = 1 Gbps користејќи само технологија на Интел.

Испорачување на нови искуства во помали и посигурни уреди

Со хардверски и софтверски продукти како Intel® RealSense™ технологијата за длабочина, безжнично полнење и True Key™ технологијата на Intel Security, помеѓу другите, Интел продолжува да обезбедува нови искуства што ќе обезбедат поприродни, интуитивни искуства од интеракцијата на луѓето со технологијата. Градејќи на успехот на најтенкиот таблет на светот, Dell Venue* 8, Крзанич покажа мал дел од Dell Venue* 10 таблетот со тастатура која се отстранува и Intel RealSense технологија. Насочен кон секојдневниот корисник и бизнис корисниците, таблетот се очекува да пристигне наскоро на пазарот.

Како дополнување на работата со Самсунг за безбедност на Galaxy S6 и S6 Edge уредите, Крзанич кажа дека Intel Security соработува и со LG Electronics за да помогне во безбедноста на персоналните информации. LG Electronics ќе го направи McAfee Mobile Security од Intel Security достапен на LG Watch Urbane LTE*, обезбедувајќи anti-theft можности кои му дозволуваат на сопственикот да го заклучи, лоцира или избрише уредот по потреба. Корисниците на LG Android уреди веќе се заштитени со McAfee Mobile Security на нивните уреди.

Крзанич објави нови клиенти вклучувајќи ги Brightstar Corp., Deutsche Telekom и Prestigio за True Key технологијата, крос-платформска апликација насочена кон болната точка на лозинките како користење на препознавање на лице или отисок за полесно и побезбедно работење. Deutsche Telekom ќе го инсталира True Key продуктот за своите потрошувачи во Европа. Prestigio ќе биде оден од првите произведувачи на мобилни уреди што ќе ја лансира True Key апликацијата во Русија и долж Европа, правејќи ја оваа апликација достапна низ сите свои Android таблети и смартфони до крајот на оваа година.

Мрежни трансформации – Нови услуги, побрзо конектирање и побрзи податоци

Крзанич истакна како Интел работи заедно со лидерите од индустријата за да се трансформира мрежната инфраструктура со стандардизиран хардвер и софтвер, помагајќи да се забрза чекорот на целата индустрија кон пофлексибилна, агилна софтверски дефинирана инфраструктура. Ова им овозможува на „telco“ и клауд провајдерите да ја подобрат ефикасноста на мрежите и да ја забрзаат испораката на нови услуги и можности за потрошувачите и бизнисите.

Alcatel-Lucent го претстави мрежното виртуелно радио (vRAN), составено од виртуелна врска преку Intel® Xeon® процесори за да обезбеди заштеда на пари и поголеми перформанси. vRAN ќе биде во тест фаза оваа година и ќе почне да се продава во 2016.

Ericsson објави нова генерација на дата центри за Ericsson Cloud System што овозможува на телеком и клауд провајдерите да го намалат трошокот на користење и да добијат флексибилност и ефикасност од своите дата центри. Компанијата Intel® Rack Scale архитектура, заедно со софтвер за менаџмент и оркестрација за да оптимизира клауд ресурси преку приватни, јавни, компаниски и „telco“ клауд домејни, овозможувајќи подобра услуга. Ericsson исто така изјави дека работи со Intel Security на мрежно обезбедување за 4G мрежи.

Huawei и Intel соработуваат за да обезбедат големи клауд решенија што ќе им овозможат на телекомуникациските провајдери да ги трансформираат своите дата центри. Компаниите ќе ја развијат новата генерација на Huawei FusionSphere* базирана на Интел архитектура и ќе ги користи Data Plane Development Kit и Open vSwitch да зголеми виртуелизациските перформанси на FusionSphere. Овие решенија целат на подобрување на перформансите што се оптимизирани да минимизираат „TCO“ за клауд податоци, мерливо и сигурно.

За дополнителни детали околу присуството на Интел на светскиот мобилен конгрес 2015 и за да видите реприза на конференција за медиуми, посетете Intel newsroom.

За Интел

Интел (NASDAQ: INTC) е светски предводник во иновации од областа на процесирањето. Компанијата дизајнира и гради есенцијални технологии кои служат како основа за светските компјутерски уреди. Како лидер во општествената одговорност и одржливост, Интел ги произведува првите комерцијално достапни “conflict-free” микропроцесори. Дополнителни информации за Интел може да се најдат на веб страниците: newsroom.intel.com и blogs.intel.com и за напорите на Интел за “Conflict-free” на http://conflictfree.intel.com.

Претходна статијаГледајте го вчерашното претставување на новите Samsung Galaxy S6 и S6 Edge
Следна статијаIKEA претстави мебел со безжични полначи на уреди