Фото: Shutterstock.com

Google се приклучува на неколку други големи ИТ компании во САД кои почетокот на годината решија да го започнат со намалување на бројот на вработени. Во случајот на оваа компанија се работи за 12.000 работни места, кои според информациите треба веднаш да почнат да бидат отпуштани во САД.

Во остатокот од светот, процесот ќе потрае нешто подолго, а тоа ќе зависи од процедурите и законите кои ги има секоја посебна земја за вакви ситуации.

Google се приклучува на ваквите одлуки од страна на Microsoft, кои најавија отпуштање на 10.000 вработени, како и Amazon кои ќе отпуштат скоро 20.000 работници.

Како објаснување на ваквите одлуки кај сите компании обично се дава светската криза која настана поради корона кризата прво, па потоа војната во Украина.

ИЗВОРCNBC
Претходна статијаWhatsApp овозможи испраќање на пораки на самите себе
Следна статијаMicrosoft најави продолжување на инвестициите во OpenAI
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.