Фото: Shutterstock.com

При крајот на вчерашниот ден излегоа гласини дека Microsoft се подготвува за големо отпуштање на вработени. Директорот на компанијата, Сатја Надела, ја потврди оваа одлука денеска и најави дека ќе бидат отпуштени 10.000 вработени. Ова е едно од поголемите отпуштања во компанијата, а станува и очекувано кај големите ИТ компании поради кризата во која се наоѓа светот.

Објаснувањето за отпуштањата е прилагодување на трошоците во време на намалени приходи, кои се резултат на кризата, односно инфлацијата во скоро секој дел од светот. Се истакнува дека како што дигиталното трошење било зголемено за време на пандемијата, сега корисниците го намалуваат темпото, односно гледаат да поминат повеќе со помалку.

Отпуштените ќе добијат натпросечни отпремнини, шест месеци покривање на здравственото осигурување, како и можност за награди преку добивање на акции. Вработените треба да бидат отпуштени до крајот на третиот фискален квартал, што во САД тоа е до март.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаНајновата верзија од Mozilla Firefox донесува неколку новини кај додатоците
Следна статијаXiaomi Yesoul S3 статичниот велосипед достапен во Смартус Македонија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.